НАТО министрите за одбрана се сретнаа на 5 и 6 Октомври во Брисел со цел да ги разгледаат тековните операции и да ги дискутираат начините да се продолжи со агендата на НАТО Паметна Одбрана.
За време на летниот период Младината на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија (МЕАСМ) беше активна во неколку полиња. Помеѓу другите активности, младите имаа и можност да учествуваат на различни регионални и интернационални семинари како што се REACT 2011 и DAYS 2011.
Претседателот на Евро-Атлантски Совет на Македонија, Лазар Еленовски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, Мариет Шурман.
По повод денот на НАТО 4 април 2011 година, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) го одржа своето Годишно собрание како редовен настан на организацијата кој се одржува еднаш годишно.
На Собранието беше усвоен извештај за работата на организацијата во изминатиов период и донесени насоки за идна работа.