|
E mërkurë, 23 Mars 2011 15:40 |
|
There are no translations available.
Претседателот на Евро-Атлантски Совет на Македонија Лазар Еленовски и потпретседателот Исмет Рамадани одржаа средба со Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија Филип Рикер.
На средбата беше разговарано за актуелната состојба на евро-атлантската интеграција на Република Македонија и за понатамошното движење на земјата кон членството во НАТО.
Претседателот на ЕАСМ Еленовски го информираше амбасадорот за Годишната програма на ЕАСМ за 2011 година, поточно за иницијативите и активностите нa национално и меѓународно ниво кои Евро-Атлантскиот Совет на Македонија има за цел да ги спроведе во 2011 година а кои се однесуваат на прашањата за имплементацијата на атлантските вредности во македонското општество, имплементација на НАТО Стратешкиот Концепт 2010, развој на капацитети на организацијата, имплементацијата на Резолуцијата 1325 на ОН за родовата политика, Европскиот одбранбен идентитет, регионалната соработка и други прашања од областа на безбедноста и меѓународните односи.
|