За нас |
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија е невладина организација формирана 1997 година во Скопје, која во своето дејствување покрива специфична област за Република Македонија како што се евро-атлантските интеграции и промоциjа на евро-атлантската идеја и вредности во нашето општество. Со цел за потврдување на политичкиот консензус кој доминира по ова прашање и кое е од државен интерес за Рeпублика Македонија, ЕАСМ обединува луѓе од најразличен национален, политички, интелектуален и деловен профил. Воедно ЕАСМ остварува и блиска соработка со државните институции, особено со Министерството за надворешни работи и Мнистерството за одбрана на РМ, НАТО канцеларијата во РМ, секторот за евроинтеграции при Владата на РМ, Кабинетот на Претседателот на РМ, НВО, фондации, медиумите како и дипломатските претставништва во земјата. Во поширок контекст, ЕАСМ преку своите активности промовира целосна подршка на демократијата, човековите права, граѓанското општество и владеењето на правото во Република Македонија. Во периодот од 1997 – 2005 година, претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија е Д-р Нано Ружин, поранешен амбасадор на Република Македонија во НАТО (2001 – 2008 година). |