| Петта НАТО Студентска Симулација во живо! |
|
|
|
| E martë, 05 Maj 2015 10:31 |
|
На последниот ден од април ATA/YATA Македонија ги организираше двата последни настани од проектот “Април месецот на НАТО”. Posted by Yata Macedonia on Sunday, May 3, 2015 Имајќи на ум дека студентските конференции и други настани од овој тип се покажаа успешни и интересни за студентите, Евро-Атланскиот Совет на Македонија преку YATA Македонија, на 30 април 2015 во ЕРА Центарот во Скопје ја организираше петтата јубилејна НАТО Студентска Симулација на тема: “НАТО после Самитот во Велс – Предизвици и Перспективи”. Posted by Yata Macedonia on Sunday, May 3, 2015 Симулацијата практично претставуваше средба на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, каде што беа дискутирани глобалните проблеми и предизвици од самитот на НАТО во Велс до денес. Настанот имаше големо едукативно влјание врз студентите затоа што им даде можност да научат за проблемите на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, како и преку практични примери да се запознаат со начинот на функционирање и носење одлуки на Алијансата. Posted by Yata Macedonia on Sunday, May 3, 2015 Како и секоја година, и овој пат Евро – Атлантскиот Совет на Македонија донесе многу нови моменти на симулацијата. Покрај преносот во живо, претседавач на настанот беше потпретседателот на Светската младина, г-дин Роберт Ивица Сушич. Воедно, на самиот крај од настанот, беа доделени наградите за најдобар пишан текст/есеј на тема: “Македонјија и НАТО во 2020”.
Покрај паричните награди, победниците ќе имаат можност да го посетат седиштето на НАТО во Брисел и директно да разговараат со високи офицери на Алијансата. На самиот почеток на симулацијата, се обрати проф. Методи Хаџијанев, потретседател на АТА Македонија. Видео вклучувања имаа Барбора Маронкова, офицер за информации за Балканот од НАТО Секторот за јавна дипломатија, и Џејсон Вајсмен, генералниот секретар на Светската АТА. Со своето присуство капетан Румен Радев, шефот на НАТО Канцеларијата во Скопје, како и Анил Озге Ертај, советник во Амбасада на Република Турција во Македонија, која е НАТО контактна амбасада, уште еднаш докажаа дека НАТО се силен поддржувач на АТА Македонија. Модератор на настанот беше Илија Џугуманов, претседателот на YATA Македонија. Posted by Yata Macedonia on Sunday, May 3, 2015 Овој проект беше подржан од НАТО секторот за јавна дипломатија.
|





















