|
E mërkurë, 29 Prill 2015 17:15 |
|
There are no translations available.

На последниот ден од април ATA/YATA Македонија ќе ги организира двата последни настани од проектот “Април месецот на НАТО”.
Имајќи на ум дека студентските конференции и други настани од овој тип се покажаа успешни и интересни за студентите, Евро-Атланскиот Совет на Македонија преку YATA Македонија, на 30 април 2015 во ЕРА Центарот во Скопје ќе го организира петтата јубилејна НАТО Студентска Симулација на тема: “НАТО после Самитот во Велс – Предизвици и Перспективи” и ќе ги објави победниците од натпреварот за есеј на тема: “Македонјија и НАТО во 2020”.
За таа цел, на 23 април 2015, Младината на Евро-Атланскиот Совет на Македонија (YATA Macedonia) одржа инфо брифинг за учесниците на овогодинешната симулација каде принципите и правилата на симулацијата беа објаснети, искуствата од предходните симулации и важноста да се учествува на ваков практичен настан од голем образовен карактер.
 Проверете го вашиот календар и останете вклучени на 30 Април 2015 година (четврток) од 11:00 (UTC + 01: 00) за да го проследите во живо настанот преку live stream. Вашата дестинација е Скопје.
Настанот е спонзориран од страна на Секторот за јавна дипломатија на НАТО.
Програма
|
10.30 – 11.00
|
Пристигање на учесниците и регистрација
|
|
11.00 – 11.30
|
Официјално отварање на симулацијата
• Исмет Рамадани,Претседател на АТА Македонија
Видео вклучувања :
• Барбора Маронкова,Офицер за информации за Балканот, НАТО Секторот за јавна дипломатија
• Џејсон Вајсмен,Генерален Секретар, Светска АТА
• Омур Солендил,Амбасадор на Република Турција во Македонија (НАТО контактна амбасада)*
• Капетан Румен Радев,Шеф на НАТО Канцеларијата во Скопје*
Модератор: Илија Џугуманов, Претседател, YATA Македонија
|
|
11.30 – 13.30
|
Состанок наСеверно-Атланскиот Совет во форматна МНР
|
|
13.30 – 14.00
|
Кафе пауза/освежување
|
|
14.00 – 15.00
|
Усвојување на Финалната Декларација
|
|
15.00 – 15.30
|
Прес конференција Генералниот Секретар на НАТО
|
|
15.30 – 16.00
|
Доделување сертификати за учесниците и награди за најдобрите есеи
|
|