Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|НАТО Симулација во живо (live stream)!
НАТО Симулација во живо (live stream)! PDF Печати Е-пошта
Среда, 29 Април 2015 17:15

FBCOVER









На последниот ден од април ATA/YATA Македонија ќе ги организира двата последни настани од проектот
“Април месецот на НАТО”.

Имајќи на ум дека студентските конференции и други настани од овој тип се покажаа успешни и интересни за студентите, Евро-Атланскиот Совет на Македонија преку YATA Македонија, на 30 април 2015 во ЕРА Центарот во Скопје ќе го организира петтата јубилејна НАТО Студентска Симулација на тема: “НАТО после Самитот во Велс – Предизвици и Перспективи” и ќе ги објави победниците од натпреварот за есеј на тема: “Македонјија и НАТО во 2020”.


За таа цел, на 23 април 2015, Младината на Евро-Атланскиот Совет на Македонија (YATA Macedonia) одржа инфо брифинг за учесниците на овогодинешната симулација каде принципите и правилата на симулацијата беа објаснети, искуствата од предходните симулации и важноста да се учествува на ваков практичен настан од голем образовен карактер.

live
Проверете го вашиот календар и останете вклучени на 30 Април 2015 година (четврток) од 11:00 (UTC + 01: 00) за да го проследите во живо настанот преку live stream. Вашата дестинација е Скопје.

Настанот е спонзориран од страна на Секторот за јавна дипломатија на НАТО.

Програма

10.30 – 11.00

Пристигање на учесниците и регистрација

11.00 – 11.30

Официјално отварање на симулацијата

•         Исмет Рамадани,Претседател на АТА Македонија

Видео вклучувања :

•        Барбора Маронкова,Офицер за информации за Балканот, НАТО Секторот за јавна дипломатија

•        Џејсон Вајсмен,Генерален Секретар, Светска АТА

•     Омур Солендил,Амбасадор на Република Турција во Македонија (НАТО контактна амбасада)*

•        Капетан Румен Радев,Шеф на НАТО Канцеларијата во Скопје*

Модератор: Илија Џугуманов, Претседател, YATA Македонија

11.30 – 13.30 

Состанок наСеверно-Атланскиот Совет во форматна МНР

13.30 – 14.00

Кафе пауза/освежување

14.00 – 15.00

Усвојување на Финалната Декларација

15.00 – 15.30

Прес конференција Генералниот Секретар на НАТО

15.30 – 16.00 

Доделување сертификати за учесниците и награди за најдобрите есеи

 

Публикации