|
E martë, 02 Shtator 2014 22:32 |
|
Во пресрет на претстојниот НАТО самит во Кардиф, 4-5 септември 2014 година, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија организираше едно дневна конференција со тема: “Идното НАТО – предизвици и очекувања”.

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија ја продолжи традиционалната и континуирана активност во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија, НАТО контакт амбасадите во Република Македонија и НАТО канцеларијата, активности кои редовно се од клучна важност за промоцијата на евро – атлантските вредности, одржувањето на кондицијата и јавната поддршка на евро – атлантските интеграции.
Со овој настан Евро – Атлантскиот Совет на Македонија уште еднаш ја зголеми и направи видлива јавната дебата за бенефитот на Република Македонија од членството во НАТО.
Говорници на денешниот настан беа:
Модератор: г-дин Виктор Андонов, Генерален Секретар на ЕАСМ
- - Г-дин Исмет Рамадани, Претседател на ЕАСМ
- - Н.Е. Пол Д. Волерс, Амбасадор на САД во Република Македонија
- - Н.Е. Чарлс Герет, Амбасадор на Велика Британија во Република Македонија
- - Капетан (М) Румен Радев, Шеф на НАТО канцеларијата во Скопје
- - Г-дин Трифун Костовски, Извршен директор на бизнис клубот на ЕАСМ
- - Пол. Методи Хаџи Јанев, Продекан на Воената академија “Генерал Михајло Апостолски”
Говорниците имаа сеопфатен пристап кон трите главни теми на овој НАТО самит, македонската перспектива и идното НАТО.
|