Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Идното НАТО – Предизвици и очекувања
Идното НАТО – Предизвици и очекувања PDF Печати Е-пошта
Вторник, 02 Септември 2014 22:32

Во пресрет на претстојниот НАТО самит во Кардиф, 4-5 септември 2014 година, Евро – Атлантскиот Совет на Македонија организираше едно дневна конференција со тема: “Идното НАТО – предизвици и очекувања”.

10542413 773456302714048 8205218899601966322 o

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија ја продолжи традиционалната и континуирана активност во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија, НАТО контакт амбасадите во Република Македонија и НАТО канцеларијата, активности кои редовно се од клучна важност за промоцијата на евро – атлантските вредности, одржувањето на кондицијата и јавната поддршка на евро – атлантските интеграции.

Со овој настан Евро – Атлантскиот Совет на Македонија уште еднаш ја зголеми и направи видлива јавната дебата за бенефитот на Република Македонија од членството во НАТО.

Говорници на денешниот настан беа:

Модератор: г-дин Виктор Андонов, Генерален Секретар на ЕАСМ

  • -    Г-дин Исмет Рамадани, Претседател на ЕАСМ
  • -    Н.Е. Пол Д. Волерс, Амбасадор на САД во Република Македонија
  • -    Н.Е. Чарлс Герет, Амбасадор на Велика Британија во Република Македонија
  • -    Капетан (М) Румен Радев, Шеф на НАТО канцеларијата во Скопје
  • -    Г-дин Трифун Костовски, Извршен директор на бизнис клубот на ЕАСМ
  • -    Пол. Методи Хаџи Јанев, Продекан на Воената академија “Генерал Михајло Апостолски”


Говорниците имаа сеопфатен пристап кон трите главни теми на овој НАТО самит, македонската перспектива и идното НАТО.


 

Публикации