Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Повик за учесници
Повик за учесници pdf Shtyp Email
E premte, 22 Nandor 2013 13:43

Евро  - Атлантскиот Совет на Македонија и својата младинска организација (ЈАТА Македонија) има задоволство да го најави проектотNATO PARTNERSHIP POLICY – ADDRESSING INSECURITIES AND CREATING SECURITY”.

BEROVO

Фокусот на овој проект е иднината на НАТО партнерствата, со специјален акцент на операциите, придонесот и политичкото значење на НАТО партнерствата во меѓународните односи.
Понатаму, проектот ќе:
•    Ќе ја испита важноста на вклученоста на државите во НАТО операциите и мисиите и бенефитите што ги добиваат двете страни
•    Ќе испита колку секое партнерство носи корист за различни региони и како ова ја подобрува безбедносната соработка помеѓу различни држави
•    Ќе ги предизвика учесниците, ќе ги тестира лидерските способности и ќе ги предизвика да делуваат во даден момент по дадено сценарио
•    Ќе креира од АТА и други невладини активисти, студенти, млади професионалци и експерти од целиот свет кои што се бават со исти прашања.

Датум и место на оддржување
Проектот ќе се оддржи во Берово, Република Македонија од 18ти до 21ви декември 2013 година. Овој настан е повеќеслоен проект кој вклучува широк спектар на активности за учесниците како: предавања, работилници, симулација на сценарио кое ќе произведе публикација со препораки.

ПРИСТИГНУВАЊЕ: Препорачуваме учесниците да пристигнат во среда наутро, 18ти декември 2013 година и со тоа ќе можат да ја проследат целата програма на настанот.

ЗАМИНУВАЊЕ: По затворањето на програмата, 21 декември 2013 година, околу 15:00 часот.

Целна група  на проектот се интернационални и студенти од Македонија и кандидати на мастер студии.

Работен јазик на настанот е англискиот јазик.

Процедура за аплицирање


Услови:
Апликантите треба да припаѓаат на една од двете целни групи и да ги достават следните информации:

1. Интернационални учесници – 10 места за оваа група
•    Копија од CV (не повеќе од 2 страни);
•    Писмен придонес (краток есеј на англиски јазик) на темата NATO PARTNERSHIP POLICY (500 – 800 зборови)
•    Апликантите треба да бидат дел од ЈАТА мрежата

2. Македонски учесници – 15 места за оваа група
•    Копија од CV (не повеќе од 2 страни)
•    Писмен придонес (краток есеј на македонски или англиски јазик) на темата NATO PARTNERSHIP POLICY (500 – 800 зборови)

Рокот за поднесување на апликациите за интернационалните учесници (1 група) е 5ти декември 2013 година и за македонските учесници (2 група) е 10ти декември 2013 година. Апликациите пратени подоцна од овие датуми нема да се земат во предвид.
Апликациите треба да бидат пратени на Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa .

Апликантите ќе бидат известени три дена по истекувањето на рокот.

Преку есеите, ќе бидат тестирани знаењата и мислењата на кандидатите. Овие кратки есеи ќе бидат објавени на Социјалната Мрежа – Атлантика.

Трошоци за патување и сместување

Трошоците на македонските учесници ќе бидат целосни покриени (локален транспорт, сместување и оброци).

Трошоците за сместување и за оброци за интернационалните учесници исто така се целосно покриени. Секој интернационален учесник ќе добие до 90% надоместок за нивните патни трошоци. Локалниот транспорт ќе биде организиран од ЈАТА Македонија.


Ве охрабруваме да ги пратите сите ваши прашања до ЈАТА Македонија ( Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa ).

Проектот е поддржан од НАТО Секторот за јавна дипломатија и министерството за одбрана на Република Македонија.

Се надеваме дека ќе аплицирате и ќе ни се придружите на овој настан!

logo enyata

 

 

 

PUBLIKIMET