|
Евро - Атлантскиот Совет на Македонија и својата младинска организација (ЈАТА Македонија) има задоволство да го најави проектот “NATO PARTNERSHIP POLICY – ADDRESSING INSECURITIES AND CREATING SECURITY”.

Фокусот на овој проект е иднината на НАТО партнерствата, со специјален акцент на операциите, придонесот и политичкото значење на НАТО партнерствата во меѓународните односи. Понатаму, проектот ќе: • Ќе ја испита важноста на вклученоста на државите во НАТО операциите и мисиите и бенефитите што ги добиваат двете страни • Ќе испита колку секое партнерство носи корист за различни региони и како ова ја подобрува безбедносната соработка помеѓу различни држави • Ќе ги предизвика учесниците, ќе ги тестира лидерските способности и ќе ги предизвика да делуваат во даден момент по дадено сценарио • Ќе креира од АТА и други невладини активисти, студенти, млади професионалци и експерти од целиот свет кои што се бават со исти прашања.
Датум и место на оддржување Проектот ќе се оддржи во Берово, Република Македонија од 18ти до 21ви декември 2013 година. Овој настан е повеќеслоен проект кој вклучува широк спектар на активности за учесниците како: предавања, работилници, симулација на сценарио кое ќе произведе публикација со препораки.
ПРИСТИГНУВАЊЕ: Препорачуваме учесниците да пристигнат во среда наутро, 18ти декември 2013 година и со тоа ќе можат да ја проследат целата програма на настанот.
ЗАМИНУВАЊЕ: По затворањето на програмата, 21 декември 2013 година, околу 15:00 часот.
Целна група на проектот се интернационални и студенти од Македонија и кандидати на мастер студии.
Работен јазик на настанот е англискиот јазик.
Процедура за аплицирање
Услови: Апликантите треба да припаѓаат на една од двете целни групи и да ги достават следните информации:
1. Интернационални учесници – 10 места за оваа група • Копија од CV (не повеќе од 2 страни); • Писмен придонес (краток есеј на англиски јазик) на темата NATO PARTNERSHIP POLICY (500 – 800 зборови) • Апликантите треба да бидат дел од ЈАТА мрежата
2. Македонски учесници – 15 места за оваа група • Копија од CV (не повеќе од 2 страни) • Писмен придонес (краток есеј на македонски или англиски јазик) на темата NATO PARTNERSHIP POLICY (500 – 800 зборови)
Рокот за поднесување на апликациите за интернационалните учесници (1 група) е 5ти декември 2013 година и за македонските учесници (2 група) е 10ти декември 2013 година. Апликациите пратени подоцна од овие датуми нема да се земат во предвид. Апликациите треба да бидат пратени на
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.
Апликантите ќе бидат известени три дена по истекувањето на рокот.
Преку есеите, ќе бидат тестирани знаењата и мислењата на кандидатите. Овие кратки есеи ќе бидат објавени на Социјалната Мрежа – Атлантика.
Трошоци за патување и сместување
Трошоците на македонските учесници ќе бидат целосни покриени (локален транспорт, сместување и оброци).
Трошоците за сместување и за оброци за интернационалните учесници исто така се целосно покриени. Секој интернационален учесник ќе добие до 90% надоместок за нивните патни трошоци. Локалниот транспорт ќе биде организиран од ЈАТА Македонија.
Ве охрабруваме да ги пратите сите ваши прашања до ЈАТА Македонија (
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
).
Проектот е поддржан од НАТО Секторот за јавна дипломатија и министерството за одбрана на Република Македонија.
Се надеваме дека ќе аплицирате и ќе ни се придружите на овој настан!
 
|