Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Повикот за формирање на работни групи во ЈАТА Македонија успешно заврши
Повикот за формирање на работни групи во ЈАТА Македонија успешно заврши pdf Shtyp Email
E premte, 01 Nandor 2013 15:59
There are no translations available.

 

yata









Во периодот од 10 октомври до 1 ноември 2013 година, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија имаше Повик за формирање на работни групи во ЈАТА Македонија.

Повикот беше објавен со цел да се даде можност на нови млади луѓе да се вклучат во организацијата, да се поттикне постоечкото членство и да се подготови за престојните активности на ЈАТА Македонија.


Повикот за формирање на работни групи во ЈАТА Македонија е официјално затворен.

Во втората фаза на постапката ќе следува селекција на кандидатите која ќе ја спроведува комисија формирана од страна на раководството на организацијата и истата ќе се спроведува во следните фази:

1. Административна проверка (утврдување на навременост и потполнетост на поднесената апликација, како и исполнетост на условите);
2. Лично запознавање и кратко интервју во однос на поднесениот предлог проект (поединечен разговор со кандидатот),
3. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати ќе пополнат пристапница и официјално ќе станат членови на ЈАТА Македонија.

Веруваме дека членувањето во ЈАТА Македонија ќе претставува предизвик за секој млад поединец и можност за поуспешно претставување и лично издигнување во сферата на евро-атлантските интеграции (НАТО и Европската Унија) и да им честитаме на сите кандидати кои се пријавија на повикот.

ЕВРО – АТЛАНТСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

PUBLIKIMET