| Имплементација на UNSCR 1325: ефективна платформа за надминување на постојните предизвици на РМ во напорите за придонесот кон светскиот мир |
|
|
|
| E hanë, 30 Shtator 2013 15:26 |
|
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија повеќе од една година работи на резолуцијата UN1325. За таа цел на 30.09.2013 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот во хотелот Stone Bridge во Скопје ја оддржа конференцијата: “Имплементација на UNSCR 1325: ефективна платформа за надминување на постојните предизвици на РМ во напорите за придонесот кон светскиот мир”. На конференцијата присуствуваа претставници на државните институции, претставници од цивилниот сектор, женски организации, студенти и медиуми. Конференцијата ја отвори потпретседателот на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, г-дин Исмет Рамадани. Тој даде краток вовед за настанот и ја истакната долготрајната работа на ЕАСМ на ова поле. Втор говорник на отворањето беше Државниот секретар во Министерството за одбрана, г-дин Сашо Стефаноски. Државниот секретар ја презентираше работата на министерството за одбрана на ова поле, напредокот и што треба да се изработи понатаму. Првата сесија беше затворена од страна на проф. д-р Методи Хаџи Јанев, при што беше даден еден критички осврт на имплементацијата на Резолуцијата 1325 на СБ на ОН и ги пренесе личните искуства од ова поле. На втората сесија од конференцијата, говорници беа експерти од водечките државни институции и претставници од академската фела. На овој панел говореа: • Г-дин Тони Станковски, министерство за внатрешни работи Панелот беше модериран од проф. д-р Методи Хаџи Јанев. Панелистите имаа можност да го презентираат сработеното во нивните институции. Исто така беа презентирани моменталните состојби во однос на вклученост на жените во безбедносните структури, нивните работни должности, напредокот во ова поле, но и недостатоците на кои што треба поинтензивно да се работи во иднина. По исцрпување на богатата дискусија г-дин Исмет Рамадани и проф. д-р Методи Хаџи Јанев ја затворија конференцијата.
|

























