| НАТО и меѓународното хуманитарно право – повик за учество |
|
|
|
| E mërkurë, 20 Mars 2013 16:33 |
|
Со интензивирање на активностите кои се важни за интеграцијата на земјата во НАТО и вклученоста на македонските безбедносни сили во различни мировни мисии ширум светот, се јави зголемена потреба од познавања за меѓународното хуманитарно право за сите оние кои се занимаваат со прашања поврзани со НАТО интеграциите, безбедносните и мировните прашања. Црвениот Крст на Р.М. претставува главен носител на активностите за дисеминација на меѓународното хуманитарно право (МХП) во државата. „НАТО и меѓународното хуманитарно право“ Покрај традиционалниот дел за основите на МХП ќе содржи и работилница за предизвиците на МХП во современ контекст, особено од аспект мировните операции и справувањето со тероризмот. Oбуката ќе ја спроведат врвни професори од областа, како и претставници од Евро-Атлантскиот Совет на Македонија и Црвениот Крст на Република Македонија. Време и место: Oбуката ќе се одржи на 02.04.13 (вторник) во просториите на Црвен Крст на Република Македонија со почеток во 10:00 часот. Пријавување: Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во ЕАСМ најдоцна до 27 март 2013 година (среда) до 16:00 часот на Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa и во прилог да достават краток есеј (од 600 – 800 збора) од областа на меѓународно хуманитарно право. Најдобрите есеи ќе бидат објавени на првата социјална платформа за безбедност во Република Македонија, која ќе биде промовирана на 28ми март 2013 година. Поради ограничените капацитети пријавите ќе ги прифаќаме континуирано и по принципот „прв пријавен, прв прифатен“. За дополнителни информации слободно обратете се во канцеларијата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија на 02/316 22 21 или пак на Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa .
|






















