| Генерално собрание на ЈАТА, 3 – 4 февруари, Рим |
|
|
|
| E hanë, 11 Shkurt 2013 14:59 |
|
За време на првите два дена од 58то генерално собрание на АТА, 3 – 4 февруари, се оддржа и 17то генерално собрание на ЈАТА.
На ова генерално собрание многу важни процеси беа придвижени со креацијата на првата работна група во склоп на ЈАТА, “ЈАТА Југо – Источна Европска работна група”. Работната група беше потпишана од седум држави (Албанија, Бугарија, Хрватска, Македонија, Словенија, Србија и Турција). Оваа работна група е иницијатива на г-дин Илија Џугуманов од минатото генерално собрание во Тирана.
По потпишувањето на заедничката декларација, работата на генералното собрание продолжи со годишните избори за извршниот одбор на ЈАТА. Ова генерално собрание на ЈАТА ги реизбра г-ѓица Кристин Дурант, г-дин Жоао Фреиташ и г-дин Сами Текат за претседател, генерален секретар и потпретседател за комуникации на ЈАТА. Понатаму, г-ѓица Бојана Антунович и г-дин Изток Стефанич беа избрани за потпретседатели за финансии и извршен потпретседател на ЈАТА. За позицијата потпретседател за јавна дипломатија беше избран г-дин Илија Џугуманов од ЈАТА Македонија.
Генералното собрание продолжи на 4ти февруари во НАТО колеџот за одбрана со интензивен ден исполнет со конференции и форум дискусии на теми поврзани со НАТО и неговата агенда за блиската иднина, со специјален фокус на новите генерации во поширокиот Среден Исток. Денот беше отворен со поздравните говори на проф. Де Робертис, потпретседател на италијанскиот атлантски комитет и г-ѓица Кристин Дурант, претседател на ЈАТА. Тие подготвија платформа за обраќањето на г-ѓа Антонела Черасино од НАТО секторот за јавна дипломатија. Г-ѓа Черасино објасни како Алијансата ќе ги третира идните закани и предизвици. Во оваа смисла, иницијативата за поврзани сили и паметната одбрана играат клучна улога во стратегијата на НАТО, збогатувањето на дијалогот и соработката со земјите партнери исто така останува фундаментална долготрајна цел. Првиот панел на денот беше насловен “новата генерација и иднината на поширокиот Среден Исток”. Оваа сесија им овозможи на младата публика да разговара со претседавачот, д-р Петер Станиа, директор на интернационалниот институт за мир и останатите панелисти. Тие беа г-ѓа Набила Рамдани, новинар и политички коментатор, д-р Амер Ал-Сабаилех, од универзитетот во Јордан и г-дин Султан Ал-Касеми, колумнист и коментатор на социјалните мрежи. Панелистите ја дадоа својата перспектива на тоа како младите генерации во поширокиот Среден Исток ги гледаат и интерпретираат моменталните случувања на политичката сцена и на национално и меѓународно ниво. Втората сесија беше фокусиран на иднината на НАТО партнерствата. Панелот беше претседаван од г-дин Бруно Лете, од Германскиот Маршал Фонд на САД и составен од д-р Антониа Колибасану, Стратфор, г-дин Томи Стејнер, интердисциплинарен центар “Херзлија”, г-дин Елкхан Мехтијев, директор на центарот аза мир и конфликт резолуции од Азербејџан и г-дин Хашеб Хумајун, основач на “Авганистан 1400” политичко движење. Третиод и последен дел од денот беше посветен на младите програми, со воведен говор од г-дин Грациано Галито, претседател на Консулес асоцијацијата. Презентацијата на извештајот за новите трансатлантски релации 2012-13 беше следена со забелешките на г-дин Емилијано Сторнели од италијанскиот атлантски комитет. Следуваше затворање од страна на г-ѓица Кристин Дурант, претседател на ЈАТА. По завршувањето на генералносто собрание на ЈАТА, сите ЈАТА делегати се приклучиа на 58то генерално собрание на АТА. |
























