| АТА Генерално Собрание, Рим, 3-ти до 6-ти февруари 2013 |
|
|
|
| E premte, 08 Shkurt 2013 14:57 |
|
Делегацијата на ЕАСМ предводена од потпретседателот г-дин. Исмет Рамадани присуствуваше на Генералното собрание на Светската Атлантска Асоцијација во Рим кое се одржа од 3-ти до 6-ти февруари 2013. Раководството на ЈАТА Македонија беше претставено во следниот состав, г-дин. Илија Џугуманов, г-ца Стефанија Маџоска и г-дин. Јордан Тасев.
За време на дискусиите, г-дин Рамадани го покрена прашањето за НАТО – ЕУ односите и дебатата за побрза интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Исто така тој даде силна поддршка за поголемо вклучување на српските претставници во АТА. Овогодинешното ЈАТА Генерално собрание беше многу важно затоа што се започнаа многу значајни процеси, особено на Генералното Собрание на ЈАТА. На иницијатива на Илија Џугуманов, беше основана првата работна група во рамките на Меѓународната ЈАТА (“ЈАТА Работна Група за Југо-Источна Европа”) и беше потпишана заедничка декларација од страна на седум земји (Албанија, Бугарија, Хрватска, Македонија, Словенија, Србија и Турција) и Меѓународната ЈАТА. Оваа работна група на Југо-источна Европа беше иницирана на претходното Генерално собрание во Тирана 2011 година, која потоа беше модифицирана на Семинарот за менаџмент и лидерство на ЈАТА и претставена на Годишниот пролетен состанок на АТА.
На ова Генерално собрание, претседателот на ЈАТА Македонија, г-дин. Илија Џугуманов беше избран за потпретседател за јавна дипломатија на Меѓународната ЈАТА и сега е дел од Извршниот одбор на Меѓународната ЈАТА заедно со уште пет други членови. На Генералното собрание присуствуваа претставници од повеќе од 40 земји. Настанот се одржа на НАТО Колеџот за одбрана во Рим. Во прилог, заедничката декларација за основањето на “ЈАТА Работна Група за Југо-Источна Европа”. Заедничка декларација за основањето на “ЈАТА Работна Група за Југо-Источна Европа” |























