| HADES проект |
|
|
|
| E martë, 09 Korrik 2019 07:39 |
|
There are no translations available. Евро – Атлантскиот Совет на Македонија работи на двогодишниот проект на ГЛОБСЕК кој започна во 2018 година, а е насочен кон истражување и анализа на податоци. Преку овој проект, кој ќе биде имплементиран во 8 држави од централна и југо-источна Европа, ќе биде развиена хибридна алатка со човечка интелигенција чија цел е истражување на пропагандата и дезинформациите кои спаѓаат под акронимот HADES (Human – Al Disinformation Extraction and Analysis System). Во текот на наредните две години Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, заедно со своите проект партнери, ќе работи на автоматизирано мапирање на он-лајн дезинформации и нивни извори, како и на анализирање на јавните ставови и ранливост кон пропаганда и лажни информации преку користење на уникатни квантитативни и квалитативни информации |





















