| Лазар Еленовски на тркалезната маса на тема "Македонија, Регионот и Евроатланските Интеграции“ 07.03.2012 |
|
|
|
|
There are no translations available. Министерството за одбрана на Република Македонија организира Тркалезна маса на тема “Македонија, Регионот и Евроатлантските интеграции” на 07.03.2012 во Дом на АРМ, Скопје. Во очекување на Самитот на НАТО во Чикаго, оваа Тркалезна маса има за цел да поттикне дискусија за патот на Република Македонија кон Евроатлантската заедница.
На тркалезната маса ќе учествуваат министерот за одбрана на РМ, министерот за надворешни работи на РМ, членовите на парламентарната Комисија за одбрана и безбедност, поранешни министри за одбрана и амбасадорите на земјите членки на НАТО во Република Македонија. Претседателот на Евро – Атлантски Совет на Македонија, г-дин Лазар Еленовски ќе се обрати на тркалезната маса. |





















