| Новите безбедностни предизвици во ЈИЕ и перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ |
|
|
|
| E hanë, 14 Dhetor 2015 13:41 | ||||||
|
Во време кога Европа и светот се справуваат со најразлични модерни безбедностни предизвици, а тоа посебно се одразува на регионот, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија останува посветен на својата мисија, а тоа е промоција на евро-атлантските вредности, потребата и бенефитите од интеграцијата. Поучени од успехот на минатогодишните настани од ваков карактер, каде што се прави пресек за годината која изминува и се трасира патот за она што следува, наша цел е да го организираме уште еднаш успешно овој настан. На овој настан Евро – Атлантскиот Совет на Македонија уште еднаш ќе ја зголеми и направи видлива јавната дебата за бенефитот на Република Македонија од членството во НАТО и ЕУ, како и сите реформи кои земјата ги има направено досега. На крајот од самиот настан, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, со покровителство од Министерството за Одбрана на Република Македонија ќе организира новогодишен коктел. Програма Новите безбедностни предизвици во ЈИЕ и перспективите на Република Македонија за членството во НАТО и ЕУ Дом на АРМ, Скопје
*Се чека на потврда |






















