Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|NATO Partnership Policy – Успешна приказна!
NATO Partnership Policy – Успешна приказна! pdf Shtyp Email
E premte, 27 Dhetor 2013 15:00

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија и ЈАТА Македонија од 18ти до 21ви декември 2013 година година го организираа “NATO PARTNERSHIP POLICY – ADDRESSING INSECURITIES AND CREATING SECURITY” настанот за млади лидери и професиналци. Настанот беше оддржан во хотел Манастир, Берово, Република Македонија.

DSC05339

Фокус на овој проект беше иднината на НАТО партнерствата, со специјален акцент на операциите, обврските кои ги носат, придонесот и политичкото значење на НАТО партнерствата во меѓународните односи.

Користејќи ја својата мрежа на контакти во Република Македонија и надвор, ЕАСМ вклучи млади лидери и професионалци, преку релевантните министерства, тинк тенкови и универзитети.

Настанот прими 26 учесници од Албанија, Хрватска, Италија, Холандија, Косово, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Словачка и Србија.

Основниот концепт на настанот беше да се вклучат сите учесници во дискусиите преку панелите, работилниците и симулацијата на сценарио.

Настанот започна со официјално отварање и предавања од потполковник Методи Хаџи Јанев, професор, заменик декан на воената академија “Генерал Михајло Апостолски”, проф. д-р Итамара Локхард, Институт за меѓународни студии од Монтереј, министерство за одбрана на САД и проф. д-р Орце Поповски, декан на воената академија “Генерал Михајло Апостолски”.

Вториот панел беше сесијата со видео конференција. За време на оваа сесија, преку видео конференција на присутните им се обратија, г-дин Џејсон Вајзмен, в.д. генерален секретар на Светската Атлантска Асоцијација и г-ѓа Ровинда Апелман, претседател на Младите на Светската Атлантска Асоцијација.  

Понатаму, ЈАТА Македонија организираше вежба за симулацијата со наслов Градот. Вежбата е базирана на играње улоги што помагаат да се донесат и постават правила на забавен начин, но во исто време и предизвикување на креативноста, зголемување на групната динамика и интеракцијата за време на првиот ден. Учесниците беа поделени во групи од 5 до 7 луѓе и им беа доделени улоги и инструкции.

Учесниците имаа задача да смислат правила за живеење во градот, како дел од својата група. Секоја група имаше 20 минути да креира 10 правила и потоа имаа 20 минути за преговарање, со цел да се согласат за 10 правила кои ќе функционираат во градот.

По оваа лесна вежба, имаше две работилници за учесниците, “тврдења и аргументи” и “три различни случаи”.

За време на првата работилница на учесниците им беа дадени шест различни тврдења и аргументи и секој од нив имаше избор да бира За, Против или Неутрален за тврдењето или аргументот. По секое тврдење, учесниците го дискутираа нивниот став и објаснија зошто го одбрале тој став.

На втората работилница, учесниците беа поделени во три различни групи да дискутираат три различни вистински случаи: Aвганистан, Либија и Сирија. Секоја група имаше 20 минути за дискусија и потоа тие креираа мислења и препораки како ситуациите треба да се разрешат.

Следниот ден започна со заклучоците од првиот ден презентирани од потполковник Методи Хаџи Јанев. Исто така, тој на учесниците им го презентираше своето мислење за темите кои бе дискутирани за време на првиот ден.
Потоа, главниот настан на семинарот започна, симулацијата на сценариото. Оваа симулација беше играње на неколку улоги кои им беа доделени на учесниците по случаен избор. Улогите беа:

•    Република Алфа
•    Индиска федерација
•    Република Голф
•    Република Чарли
•    Република Ехо
•    Претседател Зулу
•    Опозиција “Борци за Виски” (политичко крило)
•    Опозиција “Борци за Виски” (радикално крило) (Ромео)
•    ТАНГО

Учесниците имаа сценарио кое требаше да се разреши по долготрајни преговори кои ќе донесат долготрајно решение на проблемот.
Оваа симулација траеше целиот ден и ситуацијата беше решена со носење на Рамковен договор.

Оригиналниот опис на улогите, целото сценарио и Рамковниот договор на англиски јазик може да ги превземете тука!


 

PUBLIKIMET