Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Идната соработка во Евро-Медитеранскиот регион
Идната соработка во Евро-Медитеранскиот регион pdf Shtyp Email
E martë, 04 Qershor 2013 13:57
There are no translations available.

Претседателот на Јата Македонија и потпретседателот за јавна дипломатија на светската ЈАТА , г-дин Илија Џугуманов учествуваше на меѓународниот работен смеинар посветен на Евро-Медитеранска соработка.

Paestum2

Состанокот на младите медитеранисти со наслов “Идната соработка во Евро-Медитеранскиот регион” беше организирана во три дена:
Првиот ден (петок 24 мај) беше посветен на претставување на програмите на меѓународните организации за соработка во Евро-Медитеранскиот регион, како и активностите на Италијанскиот Атланстки Комитет и Светската Атлантска Асоцијација во оваа област. Учесниците исто така добија потребни насоки и дирекции да претстават предлог проект со цел подобрување на соработката во Евро-Медитеранскиот регион во полето на младински политики. По состанокот беше организирана посета во музејот на фондацијата Giambattista Vico, следена од екскурзија во Агрополи, каде учесниците беа пречекани од претседателот на фондацијата Giambattista Vico , проф. Винченцо Пепе и од локалните власти.

На вториот ден, сабота 25 мај, учесниците активно учествуваа во изготвувањето и презентирањето на проекти за младинска соработка фокусирани на Јужниот Медитеран и Балканот. Во вечерните часови, учесниците присуствуваа на доделувањето на наградата “Легалност 2013”, доделувана од страна на Италијанската Фондација за легалност и развој, во соработка со Ротари Клубот од Паестум,  фондацијата Giambattista Vico и  банката Aquara BCC. Помеѓу наградените беше и претседателот на Италијанскиот Атлантски Комитет, проф. Енрико Ла Логиа.

Последниот ден, недела 26 мај, учесниците го посетија археолошкиот град Паестум, со своите три величенствени храмови и остварија средба со младите студенти од Универзитетот Оклахома, САД.

Главната мисија на овој работен семинар беше да го помогне собирањето на млади истражувачи и професионалци, докторски кандидати и универзитетски студенти од Источна Европа и Јужниот Медитерански регион, како и да промовира дијалог и соработка меѓу нив.

Paestum1

Дополнително, цел на семинарот беше да им обезбеди на учесниците платформа за размена на идеи, експертиза и практики на патот кон изнаоѓање на заеднички решенија за заедничките предизвици во однос на Евро-Медитеранскиот регион, развивање дискусија и изготвување на проекти за соработка во областа на младинските политики преку кои ќе се привлече вниманието на Евро-Атлантските институции, и да промовира подобро разбирање на програмите на меѓународните организации во Евро-Медитеранскиот регион, сето тоа преку неформални активности.

Семинарот беше одржан во Паестум од 24-26 мај 2013
Состанокот беше организиран од страна на Италијанскиот Атлантски Комитет, во соработка со Светската Атлантска Асоцијација и на него присуствуваа 12 млади истражувачи, професионалци и докторски кандидати членови на младинската мрежа за соработка на Медитеранот на Италијанскиот Атлантски Комитет и работната Група за Југоисточна Европа на ЈАТА, млади истражувачи и професионалци одбрани од страна на Универзитетот Салерно.

 

PUBLIKIMET