Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Успешна 4та НАТО студентска симулација
Успешна 4та НАТО студентска симулација pdf Shtyp Email
E martë, 02 Prill 2013 08:19

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија успешно ја организираше 4тата НАТО студентска симулација со наслов “НАТО и партнер земјите - идни предизвици и што понатаму?!”



Симулацијата практично претставуваше средба на шефовите на држави на Северно Атлантскиот Совет, каде што ја дискутираа соработката со партнерите и идните предизвици. Настанот имаше големо едукативно влјание врз студентите затоа што им даде можност да научат за проблемите на НАТО, безбедноста и меѓународната политика и овој пат со специјален акцент на соработката на НАТО со партнерите.

Како и секоја година, овој пат Евро – Атлантскиот Совет на Македонија донесе многу нови моменти на симулацијата. Претседавачот/генералниот секретар го водеше состанокот преку видео конференција од Лисабон, Португалија. Улогата на генералниот секретар оваа година му припадна на г-дин Жоао Фреитас, генералниот секретар на младината на светската атлантска асоцијација.

Со овогодинешната НАТО студентска симулација беше лансирана првата социјална мрежа за безбедносни и одбранбени прашања – Атлантика! Оваа социјална мрежа ќе понуди место за дискусија на сите важни безбедносни и одбранбени прашања за македонскот општество и на глобално ниво. Оваа платформа нуди социјален  и експертски дел преку своите содржини како што се профилите на членовите, блогот и форумот, слики, видеа и многу други алатки.

Настанот беше одржан на 28 март 2013 година во ЕРА центарот, Скопје.

Настанот е подржан од НАТО секторот за јавна дипломатија.

 

PUBLIKIMET