Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Генерално собрание на АТА, 4 – 6 февруари, Рим
Генерално собрание на АТА, 4 – 6 февруари, Рим pdf Shtyp Email
E hanë, 11 Shkurt 2013 17:36

58то генерално собрание на Светската Атлантска Асоцијација собра повеќе од 40 делегации од 40 различни земји во Рим, Италија од 4 до 6 февруари 2013 година. На првиот работен, статутарните обврски и дискусии за идните активности беа главна тема на работа. Состаноците на бирото и советот беа оддржани во италијанскиот парламент.

Програмата на 5 февруари започна со поздравниот говор на пот. ген. Арне Бард Далхауг, командант на НАТО колеџот за одбрана. Тој ги поздрави гостите и му го препушти поздравниот говор на проф. Енрико Ла Лоџиа, претседател на италијанскиот Атлантски Комитет. По него, церемонијата продолжи со г-дин Карл А. Ламерс, претседателот на светската атлантска асоцијација. Настанот и неговата вредност беа потврдени со говорите на министрите за одбрана на Република Италија и Република Албанија, амб. Џиампаоло Ди Паола и Н.Е. Арбен Имами.

Денот продолжи со првиот форум насловен НАТО 2020. Претседавач на овој форум беше д-р. Карл – Хајнц Камп, директор на истражувачката дивизија при НАТО колеџот за одбрана. Тој ги постави границите на темата и ги претстави останатите говорници. Панелисти на овој форум беа д-р Францес Г. Бурвел, потпретседател на Атлантскиот Совет на Америка, д-р Џулиан Линдли – Френч, Панел за стратегиско советување, началник на одбранбениот персонал на Велика Британија, проф. Тања Мишчевич, универзитет во Белград, проф. Станислав Ткаченко, државниот универзитет на Санкт Петерзбург и амб. Габриеле Чекиа,  постојан италијански претставник во Северно Атлантскиот Совет. Сите ги дадоа своите мислења и ставови како НАТО треба да се развива и да изгледа во 2020 година.

Вториот форум беше наменет за Медитеранот и Средниот исток. Форумот беше насловен Кооперативна безбедност во Медитеранот и во Средниот Исток. Претседавач на овој форум беше г-дин Фабризио В. Лучиоли, генерален секретар на италијанскиот Атлантски Комитет. Панелисти на овој форум беа г-дин Никола Де Сантис, шеф на секцијата за Средниот Исток и Северна Африка, НАТО ПАСП дивизија, проф. Калед Фуад Алам, универзитет Трст, д-р. Јасмин Ташкин, колумнист во Сабах, Турција, д-р. Ораиб Ал-Рантави, директор на Ал-Кудс центарот за политички студии и мај. ген. Дени Ротшилд, директор на институтот за политика и стратегија во интердисциплинарниот центар “Херзлија”. Панелистите дадоа различни аспекти на арапската пролет,  пермутациите на Средниот Исток, употребата на социјалните мрежи и иднината на Средниот Исток.

Денот заврши со гала вечера во вила Мадама, каде што главен говорник беше Н.Е. Резан Кадер, висок претставник  на курдската регионална влада.

Последниот ден од ова генерално собрание почна со третио форум насловен Модерна одбрана и економски развој. Претседавач на овој форум беше адм. Фердинандо Санфеличе Ди Монтефорте, претседател на воениот комитет при италијанскиот Атлантски Комитет. Учесници на овој форум беа потп.ген. Џиан Марко Чиарини, италијански претставник во воените комитети на НАТО и ЕУ, г-дин Џејмс Џ. Тоунсенд, заменик на помошниот секретар за одбрана на САД за европски и НАТО политики, д-р Антонио Перфети, директор на извршната група за продожба и бизнис развој, МБДА Италија, г-дин Шаи Блитцбау, извршен директор во Маглан информациски одбранбени технологии. Тие ја дискутираа поврзаноста на модерната одбрана и можноста која ја нуди за економски развој. Работниот дел од денот заврши со статуторното собрание на НАТО претседавано од г-дин Карл А. Ламер, претседателот на АТА и проф. Енрико Ла Лоџиа, претседател на италијанскиот Атлантски Комитет.

Генералното собрание заврши со посетата на Капитолине музејот и средбата со градоначалникот на Рим, Н.Е. Џовани Алемано.

Евро – Атлантскиот Совет на Македонија беше претставен од:

  • Г-дин Исмет Рамадани, шеф на делегацијата
  • Г-дин Илија Џугуманов
  • Г-ѓица Стефанија Маџоска
  • Г-дин Јордан Тасев

 

 

PUBLIKIMET