Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Краток извештај на вториот ден на Пост - ИСАФ
Краток извештај на вториот ден на Пост - ИСАФ pdf Shtyp Email
E premte, 21 Dhetor 2012 11:46

На вториот ден од регионалната конференција главната тема беше споделувањето искуства со регионот. Имаше 6 панелисти:

-       Полковник Славко Ангелески, продекан на Воената Академија

-       проф. д-р Јадранка Дујиќ Фрлан, Атлантски Совет на Хрватска

-       Полковник Александар Александров, Раководител на НАТО канцеларијата во Скопје

-       Г-дин Борис Вичулин, Атлантски Совет на Србија

-       Г-ѓа Ратела Аслани, Атлантски Совет на Албанија

-       Потполковник Марјанчо Митевски - Министерство за одбрана на Република Македонија

Првиот спикер, полковник Славко Ангелески ја претстави законската, организациска и функционална структура на Воената Академија. Тој ја призна важноста од инвестирањето во човечки ресурси, особено поради фактот дека има нови мисии и промени во воените операции, мировните операции и управувањето со кризи. Затоа, образованието на професионалните сили се потпира на три столба: институционално образование, обука и самостоен развој. Затоа, тој со присутните ги сподели искуствата од регионалната соработка за традиционалниот летен камп и различните делови на образовни проекти кои се развиваат заедно со образовните институции од регионот. На крајот, тој ја нагласи важноста од цивилно-воената соработка, како и посветеноста на Воената Академија да стана водечка воено-образовна институција во регионот. Нашиот гостин од Хрватска, проф. д-р Дујиќ Фрлан го потенцираше искуството од групата А5 во Авганистан како средство за зацврстување на врските со регионот. Иако напредокот на земјите од ЈИЕ не е еднакво, дејствувањето во сложена меѓународна околина, далеку од дома, создало одлична платформа за заеднички активности. Лекциите кои се научени во Авганистан може да бидат имплементирани на светско ниво.

Полковник Александров ги пренесе лекциите и искуствата стекнати во последниот период; тој ја нагласи транс-атлантската врска како камен-темелник и операциите на НАТО во Либија како многу добар пример за ефективна реакција која ги докажува способностите на сојузниците. Тој, исто така, претстави и неколку други примери на регионална соработка. Освен тоа, зборуваше и за приоритетите за градење капацитети во тек на криза и го објасни концептот на паметната одбрана. Регионалниот пристап е многу важен, особено за потенцијалната вклученост во пост-ИСАФ. Во текот на тој период, неопходно е да се знае начинот на кој воениот дел ќе биде заменет со цивилниот. Има две главни точки: пренос на безбедносните одговорности на авганистанските национални сили и повлекување на сојузничките трупи. Во секој случај, солидарноста е најважна.

Г-дин Вичулин го сподели српското искуство кое ќе биде од суштинско значење за потенцијалната вклученост во пост-ИСАФ, иако јавноста покажува недостиг на интерес.

Г-ѓа Аслани потенцираше дека резултатите за секоја земја во регионот се слични. Најмногу загрижува недостигот на информации. Она што е интересно или поразлично за Албанија е дека медиумите и јавноста се 100% ориентирани кон НАТО и дека губењето војник во Авганистан не ја промени таквата поддршка. Албанските организации од граѓанското општество работат на повторна интеграција и социјализација на луѓето кои се вратиле од мисиите.

Потполковник Митровски го сподели неговото лично искуство од вклученоста во мисијата во Авганистан, како дел од персоналот на АРМ кој работеше на менторството на полицијата АНА во Кабул.

Заклучоците беа претставени од проф. Хаџи Јанев, проект-директор и ќе бидат објавени во претстојната публикација.

 

PUBLIKIMET