Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Одржан е инфо брифингот за третата НАТО студентска симулација
Одржан е инфо брифингот за третата НАТО студентска симулација pdf Shtyp Email
E hanë, 10 Dhetor 2012 10:10

Со оглед на тоа дека студентските конференции и сите настаните од ваков тип во државата се покажа како мошне успешни и интересни за студентите, Министерството за одбрана на Република Македонија и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, во коорганизација со високо образовните институции во земјата и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, ќе организира студентска конференција на тема:

НАТО и АВГАНИСТАН: Мисијата ИСАФ и што понатаму

(NATO and Afghanistan: ISAF Mission and beyond).

Самата конференција ќе претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на министрите за одбрана на земјите членки и ќе се разгледува прашањето за Авганистан. Настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овојпат со посебен осврт на мисијата ИСАФ.

За таа цел, на 07.12.2012 (петок) година, Младината на Евро- Атланскиот Совет на Република Македонија во домот на Армијата на Република Македонија одржа информативен брифинг за учесниците на овогодинешната студентска симулација.

За време на брифингот Претседателот на Младината на Евро- Атланскиот Совет на  Македонија, г-дин Илија Џугуманов имаше обраќање кон учесниците и го објасни принципот на функционирање на симулацијата, искуствата од претходните две симулации организирани од ЕАСМ, како и важноста да се учествува настани од ваков голем едукативен карактер.

По доделувањето материјалите за подготовка, по случаен избор беа извлечени улогите за учество во симулацијата и им беше посакана успешна подготовка на учесниците за престојниот настан.

 

PUBLIKIMET