|
E hanë, 26 Nandor 2012 14:39 |
|
Денес истражувачкиот тим на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија, предводен од г-дин Илија Џугуманов го започна својот патот низ Балканот.

Истражувачкиот тим ќе врши интервјуа како дел од истражувачката фаза на проектот: “Регионален Пост - ИСАФ ангажман”. Оваа недела тие ќе ја посетат Албанија, Црна Гора и Србија. Нашиот втор тим е моментално во БиХ и ги врши закажаните интервјуа.
Тие ќе вршат интервјуа во врска со учеството на А5 државите (Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина) во ИСАФ мисијата од почетокот кога стартуваа со индивидуален придонес со помош на НАТО, па до регионалните иницијативи како медицинскиот придонес и тренингот на Авганистанските безбедносни сили.
Овие иницијативи се покажаа како голема движечка сила за зајакнување на регионалната соработка. Силни лекции беа научени за капацитетите на државите од регионот.
Затоа, проект кој ќе се фокусира на достигнувањата во рамки на ИСАФ, транзицијата до доделување на одговорноста на авганистаниските безбедносни сили, научените лекции со имање во предвид на идните можности на регионот и понудата на практични решенија на тоа како да се поддржи Авганистан откако транзицијата ќе биде комплетирана, е со огромно значење.
Во тој дух, ние сметаме дека едно длабоко истражување на капацитетите за можниот пост ИСАФ ангажман на таргетираните држави – Македонија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и плус Србија, треба да биде направено. Регионалната соработка како и развојот на силните врски помеѓу соседите е приоритет за зголемување на безбедноста, стабилноста и просперитетот.
Му посакуваме многу среќа и успех на нашиот тим во нивната работа!
|