| Краток извештај на Сесија 1: "Способности за итна помош - Национална предизвици и перспективи" |
|
|
|
| E martë, 10 Korrik 2012 11:23 |
|
Првата сесија беше посветена на националните студии на случај на секоја земја учесник на напреднатата истражувачка работилница. Модератор на оваа сесија беше полк. Љубе Дукоски кој го даде воведот во темата и ги претстави учесниците. Спикери на првиот панел беа:
Г-дин Ертруст Брахја ја започна својата презентација со албанските национални закани и ризици како што се: земјотреси, одрони на карпи, лизгање на земјиште и лавини, снежни бури и големи падежи од снег во текот на ноќта, како и силни ветрови. Тој го потенцираше албанскиот Устав и албанската национална безбедносна стратегија како законска рамка за функционирање на системот за кризен менаџмент. Тој додаде дека овие документи и уште неколку други се многу важни за албанската влада бидејќи преку нив тие планираат да ја зголемат меѓу-владината соработка и уставниот пристап. Освен тоа, тој го потенцираше Националниот цивилен план за итни ситуации и објасни дека истиот ги рефлектира политиката и главните цели на Албанија во граѓанската служба за итни ситуации. Понатаму, го објасни албанското и меѓународно искуство во полето на граѓански итни ситуации. Во продолжение, ја претстави албанската законска рамка, стандардите и широко прифатените процедури. Уште една тема на дискусија беше систематизацијата и расчистувањето на улогите и одговорностите на сите релевантни владини институции и граѓански организации за управување со граѓанските итни ситуации со објаснување за тоа дека Националниот план е подготвен врз основа на прецизна и логичка процедура и методологија која вклучува студија за проценка на ризик, консултации, споделување на информации, широк консензус на сите релевантни институции и организации. Тој го затвори својот говор со споменување на важноста од претстојните предизвици на ниво на билатерална и мултилатерална соработка.
Вториот спикер беше Г-дин Владан Живуловиќ. Тој ја потенцираше важноста од заедничкиот пристап кон ова прашање и потребата од заедничка визија. Г-дин Живуловиќ го започна својот говор со очекување за заеднички напори за постигнување регионална соработка и промовирање заеднички вредности и стратегии. Затоа, тој предлага намалување на трошоците преку заеднички активности и иницијативи. Освен тоа, тој го претстави и своето мислење дека заедничкиот пристап во полето на кризен менаџмент е најдоброто решение за српските граѓани затоа што нивна грижа е безбедноста на луѓето. Следниот спикер беше бригадниот генерал Хамза Вишќа. Тој ги претстави перспективите на Босна и Херцеговина во поглед на кризниот менаџмент. Главни теми во неговиот говор беа предизвиците со кои треба да се справи регионот. Потоа, продолжи со перспективите на регионалната соработка и потребата од истите. Како клучни елементи на успешната регионална соработка и заедничката работа тој ги потенцираше: - Почести заеднички тренинзи и вежби на цивилните сили за итна помош во регионот - Надградување на веќе постоечките иницијативи во регионот чиј број достигнува 70 Последниот спикер на панелот беше проф. Марина Митревска и нејзината презентација претставуваше објаснување на развојот на моделот на кризен менаџмент во Македонија. Таа направи ретроспектива на македонските предизвици досега и начинот на којшто тие биле решени. Исто така, таа зборуваше за нормативните решенија за македонскиот кризен менаџмент и перспективата која ја понудија за регионална соработка. Панелисти на вториот дел беа:
Г-дин Урим Вејсели од Центарот за кризен менаџмент во Македонија ја започна својата презентација потенцирајќи ја студијата на случај за Македонија и особено на Центарот за кризен менаџмент. Г. Вејсели даде куса ретроспектива на работата која е завршена во минатото и за минатата регионална соработка и заеднички дејствија. Тој ја потенцираше потребата од зголемена соработка и ја објасни соработката меѓу Македонија, Албанија и Косово чиј координатор е токму тој. На крајот, тој ги потенцираше препораките за идните дејствија во регионалната соработка. Следен спикер беше проф. Митко Стојков од Бугарија. Во неговиот говор тој даде вовед во бугарскиот случај. Понатаму, ги објасни бугарските способности за управување со кризи и итни случаи. Основите за функционирање на системот се законски и нормативни документи кои беа само накусо споменати. Потоа, проф. Стојков продолжи со Системот за управување со кризи и итни случаи, нивната обука и интероперабилност. Понатаму, во неговата презентација зборуваше за соработката на бугарските и сојзуничките системи за управување со кризи и итни случаи, а на крај ги спомена и проблемите со кои се соочуваат. Г-дин Никола Гаче од Хрватска ја објасни хрватската студија на случај. Тој ја претстави основата за хрватскиот национален директорат за заштита и спасување преку Актот за заштита и спасување. Исто така, во неговата презентација беа вклучени целите на хрватскиот национален директорат за заштита и спасување за да се направи единствен систем за заштита и спасување преку: - унифицирана подготовка, планирање, основање процедури, опремување и обука - основање на систем за јавни овластувања и компетенции - унифицирана координација на операциите на системот за заштита и спасување - ефективна и економична употреба на ресурси - намалување на времето за реакција - ефективна супервизија на подготвеноста Последен спикер беше г-дин Мустаф Гаши од Косово. Тој започна со вовед на косовскиот кризен менаџмент и нивните национални погледи на профилите на природни катастрофи како што се: поплави, земјотреси, пожари, големи врнежи од снег. Неговата презентација продолжи со националната политика, националното законодавство и идните планови. На крајот на презентацијата беше претставена регионалната соработка и тој го заврши своето обраќање со научените лекции. Учесници на последниот панел беа:
Панелистот кој го започна последниот дел беше г-дин Бранко Дерводел. Неговата главна тема на зборување беше регионалната соработка во Југо-Источна Европа во полето на управување со природни катастрофи од словенска перспектива. Тој ја објасни структурата на словенскиот систем и зборуваше за минатите проекти и регионалната соработка. Потоа, ги претстави идните активности и ја потенцираше потребата од регионална соработка.
Втор беше проф. Азис Положани кој зборуваше за здравствените закани и меѓуграничната соработка како важен дел од регионалната безбедност. Тој даде примери на минати настани и нивни последици. Потоа, продолжи со глобалната безбедност на јавното здравје во 21-от век. Денот заврши со г-дин Тони Станковски од Македонија. Тој даде вовед за способностите на МВР и нивните должности за заштита во време нак кризи. На крајот, даде последни заклучоци за работата на МВР. Во текот на денот имаше плодна дебата со активен придонес од сите учесници. Беше разгледан широкиот спектар на различни прашања и очекувањата кои учесниците ги имаат за заедничката визија за регионална соработка беа на највисоко ниво.
|
























