| Првиот ден на напредната истражувачка работилница заврши |
|
|
|
| E premte, 29 Qershor 2012 21:10 |
|
Напредната истражувачка работилница: „Одржливо справување со кризи- Регионални Развиени Капацитети“, организирана од Евро- Атлантскиот Совет на Македонија и Атантскиот Совет на Албанија, успешно го заврши својот прв ден панел- сесии, собирајќи повеќе од 40 учесници, со говорници од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Бугарија и Косово.
Работилницата, која утрово имаше официјална церемонија на отворање, продолжи со 3 сесии на темата: Капацитети за справување со кризи- Национални предизвици и перспективи. Работилницата, на која учествуваат претставници од релевантни институции и експерти од цивилниот и воениот сектор, беше исто така посетена од медиумите. Утре сесиите продолжуваат на темата: Развој на регионални капацитети за справување со кризи во духот на Smart Defence иницијативата, каде ќе бидат донесени и финалните заклучоци од работилницата.
|























