| Делегација од ЕАСМ на средба со студенти од Кралскиот колеџ за одбранбени студии |
|
|
|
| E enjte, 24 Maj 2012 00:00 |
|
There are no translations available.
Согласно целта на студиската посета, групата студенти преку презентација имаа можност подетално да се запознаат со работата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, минатите и тековните проекти и идните активности кои ЕАСМ ќе ги реализира. Дел од агендата на групата студенти се и средбите со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов,министерот за одбрана г-дин Фатмир Бесими, министерот за економија, г-дин Ваљон Сарачини како и со претставници од Воената академија, Центарот за управување со кризи, претставници од бизнис заедницата и од невладиниот сектор. Кралскиот колеџ за одбранбени студии е сениорски колеџ во рамките на Академијата за одбрана на Обединетото Кралство, со основна цел – надградба на стратегиското образование на офицерите и цивилите кои ќе бидат дел од стратегиското ниво за креирање политики во владиниот сектор и интернационалната средина. |













Делегацијата на Евро-Атлантски Совет на Македонија, предводена од потпретседателот г-дин Исмет Рамадани денес (24 мај 2012) остварија средба со група студенти од Кралскиот колеџ за одбранбени студии од Лондон, Обединетото Кралство кои во периодот од 23 до 27 мај престојуваат во студиска посета на Република Македонија.








