| Тркалезна маса “Македонија, регионот и евро – атлантските интеграции” |
|
|
|
| E enjte, 08 Mars 2012 18:37 |
|
Тркалезната маса “Македонија, регионот и евро - атлантските интеграции” беше организирана од Mинистерството за одбрана во Дом на АРМ, Скопје на 07.03.2012. Конференцијата беше отворена од министерот за одбрана, д-р Фатмир Бесими. Тој ја нагласи целта на овој настан, да се дискутира посветеноста кон одбранбените реформи, евро – атлантските интеграции и нашиот придонес кон стабилноста и безбедноста на регионот и евро – атлантскиот свет. Министерот Бесими зборуваше за перспективите на Република Македонија и потврди дека нема друга алтернатива на патот кон интеграцијата во Евро – Алтантските структури од инвестирањето во регионална соработка и негување на добрососедски односи. Друг предизвик кој го спомна се националните одбранбени реформи во услови на економска криза и како да се соочиме со нив. За членството на Република Македонија во НАТО, министерот рече дека тоа имплицира исполнување на потребите и интересите на граѓаните на Република Македонија, базирано на вредностите на Алијансата и претставува нов стимул за нови реформи и модернизација на одбраната. Континуираното учество во мировните операции е силна потврда на посветеноста на Република Македонија кон евро – атлантските аспирации. Д-р Бесими во неговиот говор исто така нагласи дека членството во НАТО и ЕУ остануваат најважниот надворешен и стратегиски приоритет на Република Македонија. По отворањето, повеќе од учесниците на тркалезната маса ги искажаа своите ставови на оваа тема. Претседателот на ЕАСМ Лазар Еленовски истакна дека иако Македонија ги исполни критериумите за влез во Алијансата во 2008 година, трансформацијата на оружените сили е несопирлив процес кој се генерира од новите безбедносни реалности. Во таа насока Македонија има значаен придонес кон регионалната и светската безбедност. Во поглед на регионот Еленовски истакна дека крајна цел за воспоставување просперитет и развој на регионот е неговата севкупна интеграција во евро-атлантската структура. Оттаму треба да се поздрави последниот договор помеѓу Србија и Косово кој сериозно ќе ги отвори вратите кон нивно поединечно евро-атлантско интегрирање, но и севкупно интегрирање на регионот. Еленовски го заврши своето излагање со констатацијата дека евро-атлантската интеграција не завршува со членството на државата во НАТО и ЕУ, туку ќе продолжи во интеграцијата на општеството, во секоја негова област, преку имплементацијата на цивилизациските вредности и стандарди на слободниот демократски свет. |





















