|
There are no translations available.
Поминаа речиси 12 години откако Советот за безбедност на ОН ја усвои резолуцијата за жените, мирот и стабилноста. Резолуцијата 1325 на СБ на ОН е првата резолуција која се однесува на влијанието на конфликтите врз жените, како и придонесот кој жените може да го дадат во зајакнувањето на мирот.
Таа покажува дека главните предизвици во ова време за безбедноста, економијата и управувањето не може да се решат без заштита и учество на жените на сите нивоа во нашето општество. Како таква, Резолуцијата 1325 на СБ на ОН е клучна резолуција која треба да ја исполниме.
Реалноста го бара ова од нас. Денес, милиони жени се уште немаат пристап до квалитетно здравство, образование и економски можности. Тие го плаќаат данокот на конфликтните региони во светот. Кога се меѓу завојуваните страни, жените ги губат семејствата, домовите и можностите за подобра иднина. Дополнително, секоја година илјадници жени и девојчиња се жртви на полово насилство, силување - намерна стратегија на модерното војување – чин кој често останува неказнет.
Но, жените постојано изостануваат од сите политички нивоа. Тие се половина од светското население, а сепак имаат помалку од 1/5 од позициите во владите на државите. Премногу често, тие не се дел од преговарачките маси каде се решаваат конфликтите, иако нивните искуства и дела се клучни да се изгради и одржи мирот.
Резолуцијата 1325 помогна да се сменат работите на подобро. НАТО ги поздравува напорите на оние кои упорно работеа во текот на изминатите години за да ја применат Резолуцијата 1325 во практика. Во духот на сеопфатниот пристап кој Алијансата го практикува, ние работиме со останатите меѓународни организации како што се ОН, ЕУ и ОБСЕ и многу невладини организации. Во изминатите години имавме добар напредок во идентификувањето на сите позиции каде НАТО може да придонесе кон вредноста, според својата рамка и способности и како ние можеме значително да помогнеме во меѓусебните напори за справување со кризите и градењето на мирот.
Резолуцијата 1325 стана составен елемент од сеопфатниот пристап на НАТО кон безбедноста и тоа е вистинскиот избор. Придонесите на сојузниците и на земјите партнери се особено важни за Резолуцијата 1325 да стане успешна. Во текот на изминатите години многу земји-членки и земји-партнери на НАТО создадоа Национални акциони планови и заедно се договорија за создавање на НАТО/Евро-Атлантски партнерски совет и политика за имплементирање на Резолуцијата 1325. Политиката, ажурирана во јуни 2011, нуди сеопфатна рамка за имплементација на Резолуцијата, но и на други поврзани резолуции, од страна на НАТО и партнерите. Оваа политика ги зема предвид четирите столба на Резолуцијата 1325 – превенција, заштита, учество и олеснување и закрепнување, а се потпира на внатрешните и надворешните ресурси на НАТО за имплементација.
Резолуцијата 1325 не е само прашање на морал и човекови права. Се работи за безбедност и развој. Јас сум цврсто убедена дека инвестирањето во девојчињата и жените е инвестиција во нашата сопствена безбедност, напредок и иднина. Глобалното еманципирање на жените и девојчињата нема да се случи преку ноќ. Тоа бара упорност и одржлива мултилатерална посветеност за да се постигне промена на глобално ниво.
НАТО и партнерите веќе дадоа многу значајни придонеси и тие остануваат посветени и понатаму
|