Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Сочувство по повод смртта на г-н Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија
Сочувство по повод смртта на г-н Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија pdf Shtyp Email
E martë, 03 Janar 2012 15:12
There are no translations available.

По повод смртта на г-н Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија испрати писмо на сочувство до семејството во кое се нагласува значењето на претседателот Глигоров за независноста, развојот и меѓународната промоција на Република Македонија:



“Претседателот Глигоров беше голем државник и водач кој успеа и во најкритичните моменти кога ја водеше Македонија да донесе државнички одлуки со висока национална свест со што овозможи да биде меѓународно призната, да ја одржи својата независност и да го отвори патот кон нејзините евро-атлантски интеграции.  

Претседателот Глигоров беше претседател на сите граѓани на независна Македонија. Неговото дело ќе остане врежано во поновата македонска историја како дело на истраен, разумен и мудар политичар со огромна љубов и знаење за иднината и развојот на својата земја како модерна европска демократија.”


Скопје, 3 јануари 2012 година

Евро-Атлантски Совет на Македонија

 

 

PUBLIKIMET