| Еленовски избран за потпретседател на Светската Атлантска Асоцијација |
|
|
|
| E martë, 15 Nandor 2011 17:47 |
|
Лазар Еленовски, Претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ) е избран за потпретседател на Светската Атлантска Асоцијација (АТА) на 57-то Генерално Собрание на АТА што се одржува во Тирана, Албанија 14-16 ноември 2011 година. Еленовски е избран за потпретседател едногласно, со поддршка на сите 42 национални атлантски асоцијации кои ја сочинуваат АТА, од Северна Америка до Централна Азија. Изборот на Еленовски доаѓа по неговата повеќе од еднодецениска работа во областа на атлантизмот, меѓународната безбедност, НАТО и вредностите на Алијансата во Македонија, регионот и во пошироки рамки преку бројните иницијативи што ги водел, како и преку функцијата министер за одбрана што ја извршувал во периодот 2006-2008 година кога Македонија ги исполни основните критериуми за членство во НАТО.
На редовните избори кои се одржаа во рамките на Генералното Собрание за претседател на АТА е избран д-р Карл Ламерс, Претседател на Парламентарното Собрание на НАТО, пратеник во Германскиот Парламент. Генералното Собрание на АТА е еден од најголемите безбедносни форуми во атлантскиот свет со учество на глобални лидери, политички и воени експерти и цивилното општество.
Тирана, 14 ноември 2011 година |

























