Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Lajme/Të reja|Министрите за одбрана подржуваат ефикасно трошење
Министрите за одбрана подржуваат ефикасно трошење pdf Shtyp Email
E enjte, 06 Tetor 2011 11:51
There are no translations available.

За време на вечерата, Министрите за одбрана на НАТО се фокусираа на низа проекти кои ќе и помогнат на Алијансата да гради безбедност во времиња на штедење, земајќи го фактот на почетните откритиа на работната група да промовира Smart Defence (Паметна одбрана) водена од Врховниот Командант Генерал Стефан Абриал.
Министрите дискутираа проекти во критични зони на НАТО операциите, како што се набљудување и извидување, медицинска подршка, заштита на силите или одржување на есенцијалните средства за операциите како што се хеликоптерите.

Министрите ја истакнаа важноста да се избегне дуплирање и да се воспостават јасни приоритети. Тие се согласуваат да се разгледаат поблиску зоните на мултинационална соработка во следните месеци, земајќи ги во предвид неодамнешните оперативни искуства, со цел да се развијат конкретни проекти во периодот до самитот во Чикаго.

“Smart defence (Паметна одбрана) не е оправдување за недоволно трошење во одбраната” рече Генералниот Секретар.“Ние можеби не сме во можност да трошиме повеќе, но можиме да трошиме паметно со тоа што ќе трошиме заеднички.

 

 

PUBLIKIMET