|
E premte, 04 Mars 2011 16:09 |
|
There are no translations available.
На покана од страна на Фондацијата Манферд Вернер, Потпретседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (ЕАСМ), Исмет Рамадани ќе земе учество на конференцијата „Безбедноста на Балканот 2011: Да се ослободиме од минатото” која одржува во Будимпешта, Република Унгарија, во период од 03 – 04 март 2011 година.
Конференцијата ќе покрие теми кои се однесуваат на безбедноста во Западен Балкан. Потпретседателот Рамадани на конференцијата ќе има свое излагање на тема Европските култури и специфики во регионот.
Конференцијата е во организација на Фондацијата Манфред Вернер во соработка со Истражувачкиот центар за социјална наука на Унгарската академија на науките и Институтот Европа од Будимпешта
|