Вести:
You are here: Почетна|QENDRA E MEDIAS|Fjalime|Говор - Г-дин Лазар Еленовски, Претседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија
Говор - Г-дин Лазар Еленовски, Претседател на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија pdf Shtyp Email
E martë, 08 Nandor 2011 00:00
There are no translations available.

„Јавна промоција на НАТО моделот „Smart Defence“
21-ви ноември 2011, Дом на АРМ, Скопје


Почитуван министер Бесими,

 

Екселенции,

Генерали, вработени во МО и припадници на АРМ,

Почитувани пријатели,

Би сакал најпрво да ве поздравам сите што се одзвавте на поканата на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија да бидете дел од првата јавна промоција на новиот концепт на НАТО – Smart Defence односно мудра одбрана. Би сакал да се заблагодарам на министерот Бесими и Министерството за одбрана на РМ  за подршката на настанот и на Британската, Француската и Холандската амбасада за партнерството во овој настан.

Smart Defence концептот го лансираше генералниот секретар на НАТО Расмусен оваа година на познатата Минхенска конференција. Тој доаѓа како израз на се поголемите тешкотии со кои се соочува Алијансата во градењето на современите воени капацитети со кои треба да се одговори на се посложените безбедносни предизвици.  Сложеностите со кои се соочува Алијансата се огледаат посебно последните години со започнувањето на светската финансиска криза која се одрази мошне неповолно во однос на воените буџети на НАТО државите, посебно во нејзиниот европски дел.

Сите држави, па дури и најголемите, располагаат со ограничени ресурси во градењето на нивните воени капацитети. НАТО, како систем на колективна одбрана, подразбира заедничко градење на тие капацитети за да може ефикасно да се одговори на се подинамичните промени на безбедносното окружување. Тоа значи дека секоја држава членка и партнер на Алијансата мора да го носи својот дел од товарот. Доколку една или повеќе држави не учествува рамноправно во рамките на своите превземени обврски тогаш ќе ги загрози основните функции на колективната безбедност, а со тоа и основните права и слободи на своите граѓани.

За да не дојде до таква ситуација, посебно во време на криза, потребно е државите тоа што го инвестираат во одбраната да го инвестираат на што попаметен начин. А бидејќи денешната воена технологија е се посложена што значи и поскапа, се раѓа логичната потреба државите да се здружат за поефикасно, побрзо и поефтино да изградат одредени заеднички воени капацитети кои ќе ги задоволат стандардите на современото војување и ефикасно ќе се постават кон заканите.

Затоа Smart Defence концептот најпрво подразбира поефикасно искористување на воените буџети со форсирање на мултинационалниот концепт. На тој начин, со ефикасно искористување и менаџирање на ресурсите, намалување на двојните трошоци и зголемена координација меѓу сојузниците ќе може со истите пари да се постигнат поголеми ефекти по безбедноста на нашите граѓани.

Како прв реален чекор во градењето на овој процес е политичката волја. Ме радува поддршката од министерот Бесими која е прва таква во земјата. Минатата недела во Тирана од албанскиот министер за одбрана ја слушнав сличната поддршка, а знам дека и другите држави од регионот не се поразлични во размислувањето. Сето тоа укажува за една свесност дека регионот и државите во регионот, свесни за своите ограничености во поглед на современата безбедност полека се подготвуваат да влезат во оваа нова фаза во изградба на своите вооружени сили. По добивањето политичка поддршка, следува оперативната фаза која ќе ги истражува и идентификува можните проекти и процеси за Smart Defence. Во таа насока многу добар пример е потпишаната Декларација за соработка во безбедноста помеѓу најголемите европски армии, Франција и Велика Британија потпишана во ноември минатата година од претседателот Саркози и премиерот Камерон, за чии детали се надевам повеќе ќе објаснат британскиот и францускиот амбасадор.

Smart Defence пристапот значи и отварање на еден нов прозорец на новите можности. Преку него светската безбедносна реалност и начините за воено соочување со заканите, ќе може уште подобро да се согледаат, а верувам дека со сериозната имплементација на пристапот на подолг рок, тој ќе има сериозен позитивен повратен ефект на идната трансформација на структурата на силите во сите армии.

Во оваа прилика би сакал да се осврнам на македонскиот воен буџет. Тој во последните години опадна драстично, дури за 40%. Доколку дополнително ја имаме предвид самата структура на буџетот, каде голем дел оди за плати и одржување на застарената опрема и објекти тогаш мислам дека сите ќе се сложиме, дека голем дел од процесите во градењето на модерна армија со сите капацитети кои требаат за такво нешто, се загрозени. Сметам дека никаков Smart Defence не може да го компензира ова ниско ниво на воениот буџет и ќе се приклучам на оценката на генералниот секретар Расмусен даден за европската одбрана, дека доколку овој тренд на буџетирање продолжи, Европа ризикува нејзината финансиска криза да се прелее во безбедносна криза.

Сметаме дека ова е еден сериозен концепт за иднината на македонската одбрана и затоа денес се решивме за промоција на овој концепт. Во оваа првична фаза која е информативна исто колку што е едукативна просторот за дебата меѓу политичките, воените и експертските кругови не само што е отворен, туку е добредојден.  Ве поканувам да се вклучите во неа. Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ќе продолжи да го третира ова прашање и во иднина.

Благодарам.

 

PUBLIKIMET