|
There are no translations available.
20 ноември 2009 година, Будимпешта, Унгарија Конфедерација организација од: Manfred Werner Foundation
Неодамнешни безбедносни предизвици: (Не)традиционални ризици и предизвици
Кога размислуваме и зборуваме за безбедноста на Западниот Балкан, тешко е да се пронајде дел од историјата без потенцијални ризици за индивидуалната и колективната безбедност на граѓаните и нивните материјални добра. Поради тоа, тезата, дали овие ризици се традиционални или не и како тие се предизвикани, е намерна и објективна.
Балканот, особено неговиот западен дел, традиционално се соочувал со ризици за неговата безбедност, што го прави лош пример за крвави конфликти и војни помеѓу луѓето за време на создавањето на националните држави. Ова особено се гледа по распадот на Отоманската Империја, кога се случувале Балканските војни, кои и денес без прекин имаат последици за безбедноста на Западниот Балкан, на секое место и во секое време. Поради ова, ние сме сведоци на многу меѓународни конференции кои имаа намера да ги запрат вооружените конфликти и да донесат мир, безбедност и стабилност во овој регион.
Во поновата историја, за време на распадот на Југославија, се случија многу крвави војни и конфликти кои донесоа огромни човечки трагедии. Кој би помислил дека луѓето кои живееле заедно повеќе од 50 години под мотото на братството и единството би можеле да покажат такво непријателство меѓу нив? Јас сметам дека настаните кои се случија за време на 90те години од изминатиот век делат една иста работа – режимот на Милошевиќ! Што се однесува до предизвиците – со нив мораа да се соочат луѓето од бивша Југославија во нивните напори за слобода и независност.
Дури и денес, за последната земја која прогласи независност – Косово, потенцијалните ризици за нејзината безбедност доаѓаат од Србија и нејзините сили, бидејќи ја негира новата реалност што потврдува дека нема враќање кога се работи за прашањето за Косово и неговата независност и се обидува да влијае врз срската заедница на Косово на поинаков начин. Српската Влада треба да и дозволи на српската заедница во Косово да живее слободно и безбедно во нивната сопствена земја. Ако зборува искрено, сега е вистинското време да се убеди Србија дека и треба независност од Косово и сите ние заедно треба да и помогнеме на Србија на да ја прифати новата реалност и да го гледа Косово како нов сосед. Како и да е, кога двете земји ќе станат членки н а НАТО тие ќе бидат соседи.
Сега, кога Србија се движи кон евро-интеграциите, со визната либерализација и со привилегиите во ЕУ, бесмислено е да остане потенцијална закана за безбедноста на Западниот Балкан, па дури и пошироко. Треба да докаже дека поседува напредни сили кои се подготвени да ја остават конфликтната политика позади себе. Секоја политичка опција која го држи Западниот Балкан како заложник на својата конфликтна традиција е осудена да пропадне, затоа што предизвиците кон Евро-атлантските интеграции претставуваат императив кој денес и утре ќе донесе само еден победник. Тоа е про-атлантската политичка опција без алтернатива.
Босна и Херцеговина, земјата која ги почувствува тажните трагедии и трауми од вооружените интер-етнички конфликти, повторно има дилеми дали може да функционира како заедничка држава за три етнички групи (Босанци, Хрвати и Срби). За жал, политичкото водство таму покажува дека е слабо и нерационално во градењето пристојна мултиетничка земја. Таму се потребни итни и ефикасни акции кои треба да бидат спроведени од националните и меѓународните власти со цел да се стави оваа земја во безбедносната рамка на Евро-атлантскиот просперитет.
Црна Гора е навистина добар пример за тоа како водството треба да работи за доброто на сопствената земја и за евро-атлантската перспектива на своите граѓани. Помалку ризик во поглед на безбедноста за оваа мала земја, во брзо време членка на НАТО и ЕУ, значи повеќе инвестиции и економски развој, а со тоа и подобар животен стандард за сите.
Албанија е исто така, добар пример на Западниот Балкан со својата посветеност да ги достигне стандардите што се вообичаени за големото Евро-атлантско семејство. Откако стана членка на НАТО, Албанија го зголеми нивото на безбедност во земјата и во регионот. Оваа ситуација, без посериозни закани, влијае врз економскиот развој со зголемен инвестициски капацитети. За доброто на земјата, дури и од безбедносен аспект, левицата (Социјална Лига за Интеграција) направи коалиција со десно-ориентираната партија (Демократската Партија) со цел да ја водат земјата во насока кон ЕУ. Покрај своите одлични односи со Косово, Албанија постојано нуди и е посветена на соработката со Србија и другите земји од Западен Балкан.
Република Македонија, земјата од која јас доаѓам, долго време по стекнувањето независност, поради внатрешните меѓуетнички тензии кои достигнаа ниво на вооружен конфликт во 2001, се уште се соочува со закани по својата безбедност. Овој факт делумно се должи на различните политички групи и целокупната безбедност во регионот односно на Западниот Балкан. За време на 90-те, политичкото водство во Македонија умешно ги одбегна конфликтите во поранешна Југославија и започна со градење на демократска земја со мултиетнично општество. Но, додека постоеше напредок, ова водство немаше волја, особено во поглед на етничките Албанци, да создаде земја која ќе овозможи еднакви права и меѓуетничка хармонија.
Во меѓувреме, порасна конфликтот околу името со Република Грција. Овој проблем се прошири и на меѓународно ниво кога од страна на Генералниот секретар на ОН добивме преговарач за името, со цел да го олесни решавањето на ова прашање. Сепак, мојата земја во ОН и други организации е прифатена само под привремената референца ФИРОМ. Превентивната безбедност беше помогната од мисијата на ОН, наречена УНПРОФОР.
Овие меѓуетнички и меѓусоседски тензии го успорија процесот на демократизација, економски развој и Евро-атлантски интеграции на РМ. Времето покажа дека одолговлекувањето на решението за меѓуетничките проблеми резултираше со вооружен конфликт во 2001 помеѓу албанската УЧК и македонските полициски и воени сили. Со цел да се спречи можната граѓанска војна која и се закануваше на Македонија, во Охрид беше потпишан рамковен договор меѓу најголемите политички партии во Македонија, кој беше поддржан од ОН и ЕУ и го промени Уставот на РМ. НАТО мисиите за време на конфликтот и по него, дадоа голем придонес кон создавањето и чувањето на мирот и стабилноста во мојата земја.
Иако имплементацијата на Охридскиот рамковен договор е спора, денес Македонија е на чекор од членство во НАТО, таа е земја-кандидат за членство во ЕУ и Европската Комисија му предложи на Советот на министри да одлучи за почеток на процесот на преговори. Фер е да се спомене дека и албанските политички партии и невладините организации одиграат мошне конструктивна улога и дадоа значителен придонес во процесот на интеграции.
Преку оваа хронолигија на настани, мојата земја ги прави последните обиди да влезе во рамката на колективна безбедност на НАТО и европското семејство. Со цел да се надмине оваа пречка, се уште има едно прашање кое треба да го решиме – тоа е компромисот за спорот со името со Грција. Не ја добивме поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт само поради овој проблем, Советот на министри не дозволи почеток на преговорите за ЕУ – само поради тоа, затоа што спорот со името се уште не е решен.
Ако некој праша, што ние како граѓанско општество правиме за да помогнеме во излегувањето од овој Рубикон, ќе признаам дека сме поделени на политичка и етничка основа. Премиерот со неговата политичка партија, некои од невладините организации и медиуми под негово влијание, цврсто се држат за силни и неприспособливи позиции и ставови во процесот на преговори со Грција. Опозицијата албанските политички партии преферираат компромис, кој по автоматизам, ни дава шанса да ја надминеме и последната пречка на патот кон членство во НАТО и ЕУ.
Јас лично сметам дека спорот со името со Грција беше искомплициран кога нашата Влада, пред Самитот во Букурешт влезе во битка за античка историска ексклузивност, претходно раширена низ светот од страна на Грција. Преговорите со лутина и бес не носат компромис; напротив, го прават решението потешко. Нова грчка Влада, со својата напредна слика сега е во предност. Да се надеваме дека многу брзо ќе се најде решение за овој проблем и дека двете страни ќе се чувствуваат како победници. Двете земји, и воопшто, регионот, имаат потреба од подобрена безбедност и посигурна Евро-атлантска перспектива.
Ние мора да разбереме дека заканите за нашето општество, малата улога на граѓанското општество, продолжувањето на проблематичните српско-албански односи и организираниот криминал и спорот со името, за нас во Македонија не се прашања што ни нудат заслужено место во ЕУ и НАТО. Со фактот дека постојано се вклучени во олеснувањето на процесот а реформи во нашите земји и што придонесуваат кон исполнувањето на критериумите за членство, ЕУ и НАТО докажуваат дека Западниот Балкан не е заборавен регион. Ова треба да биде пораката на оваа конференција.
Западниот Балкан, наместо своите традиционални конфликти, нуди позитивна алтернатива која ќе го направи составен дел од Евро-атлантската целина. Утре, како членови на НАТО и ЕУ, кога станува збор за нашата безбедност и подобра иднина за нашиот народ, вреди да се соочиме со секаква закани. Заедно, можеме и ќе успееме!
|