| Проштална церемонија за Генералниот Секретар на НАТО |
|
|
|
| Friday, 30 July 2010 10:43 |
|
По повод прошталната посета на Република Македонија на Генералниот Секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија одржa проштална церемонија на 8-ми мај 2009, каде на Генералниот Секретар, претседателот на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, Лазар Еленовски му врачи благодарница и подарок за долгогодишната поддршка и партнерството од страна на НАТО кон Атлантската Асоцијација и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија како дел од неа во спроведувањето на мисијата за имплементирање на евро-атлантската идеја и вредности во македонското општество.
Генералниот Секретар на НАТО ја изрази својата поддршка за напорите на АТА и на граѓанското општество да го приближат НАТО до јавноста и за давањето информации за вредностите и мисијата на Алијансата и ја потенцираше важноста на ваквите иницијативи кои се одраз на дебатата и поддршката за НАТО, затоа што доаѓа од важен сегмент од општеството, не само од владините претставници.
|






















