|
Friday, 30 July 2010 10:42 |
|
There are no translations available.
Евро-Атлантскиот Совет на Македонија по повод одбележување на 60 години од постоењето на НАТО, организира јавна дебата со наслов: „60 ГОДИНИ НАТО – ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ“. Настанот се оддржа на 14 април на ФОН Универзитетот во Скопје.
Воведни излагања на настанот имаа: Лазар Еленовски, Претседател на Евро-Атлантски Совет на Македонија, Исмет Рамадани, Потпретседател на Евро-Атлантски Совет на Македонија, Ризван Сулејмани, Потпретседател на Евро-Атлантски Совет на Македонија, Владимир Ѓорчев, Потпретседател на Евро-Атлантски Совет на Македонија. Модератор на јавната дебата беше Д-р Ѓорѓи Тоновски, Декан на факултетот за правни науки на ФОН универзитетот во Скопје. Во дебата учествуваа и неколку професори од Универзитетот, како и самите студенти.
Настанот беше отворен за јавност и имаше одлична медиумска покриеност, од пишаните и електронските медиуми. Гости на настанот беа и дипломатските претставници во земјава. |