Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Декларација за поддршка на иницијативата за прием на Република Македонија во НАТО
Декларација за поддршка на иницијативата за прием на Република Македонија во НАТО PDF Печати Е-пошта
Сабота, 26 Април 2014 15:22

makedonija nato zname

Потврдувајќи ја цврстата посветеност кон евро-атлантската идеја и вредности,
и цврстата определба на Република Македонија за членство во НАТО,

Имајќи ги во предвид денешните ризици и закани, промените во меѓународните односи и претстојниот НАТО самит во Велика Британија,

 Високо вреднувајќи го долго годишниот придонес на Република Македонија во регионалниот и светскиот мир,
 
Реафирмирајќи ја целосната подготвеност на Република Македонија за превеземање на обврските и одговорностите од идното членство на НАТО,
 
Поддржувајќи ги сите Декларации на Собранието на Република Македонија за афирмирање и реализација на стратешката цел за членство на Република Македонија во НАТО,

ја издава следнава  

Д е к л а р а ц и ј а
за поддршка на иницијативата за прием на Република Македонија во НАТО

  1. 1. Членството на Република Македонија во НАТО е долго годишен стратешки приоритет на земјата поддржан од огромното мнозинство на граѓани на Република Македонија.
  2. 2. Имајќи ја во обзир денешната состојба во светот и растечкиот број на ризици уште еднаш се покажува потребата од НАТО и полноправното членство како  клучен фактор за мир, стабилност и развој на регионот.
  3. 3. Поддржувајќи ја постојаната поддршка од партнер организациите од Светската Атлантска Асоцијација, иницијативата на група Сенатори во САД и јавната поддршка од поранешниот генерален секретар на НАТО, Лордот Џорџ Робертсон.
  4. 4. ЕАСМ се приклучува во повикот за прием на Република Македонија во НАТО на претстојниот НАТО Самит во Велика Британија со што ќе се безбеди долготрајниот мир во регионот и пошироко.
  5. 5. ЕАСМ упатува апел до државните органи, како и сите политички партии, чинители и невладини организации, да продолжат со константанта активно да се вклучат во изнаоѓање на најсоодветниот начин за брз прием на Република Македонија во НАТО.  
  6. 6. ЕАСМ во наредниот период  ќе го искористи целиот свој расположив капацитет во насока на остварувањето на стратешката цел на Република Македонија, полноправното членство на НАТО.
  7. 7. Оваа Декларација ќе се достави до секретаријатот на Светската Атлантска Асоцијација (АТА), сите партнерски организации од Светската Атлантска Асоцијација (АТА) и сите НАТО амбасади во Република Македонија.

Скопје, 25 април 2014 година
 
Евро-Атлантски Совет на Македонија

 

Публикации