|
Понеделник, 18 Октомври 2010 14:24 |
|
Во периодот од 19-21 октомври делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија ќе присуствува на 75-от Rose Roth семинар на Парламентарното собрание на НАТО.
Семинарот е со наслов „Југоисточна Европа: креирајќи го новиот моментум“, на кој ќе присуствуваат околу 140 учесници вклучувајќи и 48 членови на парламентот на НАТО и земјите партнери на НАТО, владини претставници, еминентни експерти, меѓународни организации и академици.
|