|

На 11ти фебруари 2022 година, со почеток во 10.00 часот, Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија организира завршен настан за проектот: „Информации против Дезинформации: Градење на отпорност кон дезинформациски практики во пост-Ковид опкружување во Северна Македонија“, кој e поддржан од НАТО Секторот за Јавна Дипломатија од Брисел.
Имено, овој проект беше ориентиран кон младите и негова примарна цел беше да го намали неселективниот прием на дезинформации, кои се се поприсутни во новата реалност во Северна Македонија, во голема мера како нуспроизвод на пандемијата Ковид-19, како и да изгради долгорочна отпорност на општеството преку едукација и информативни алатки и техники.
Во претходните фази од проектот беше направено квантитативно и квалитативно истражување на темата, главно со млади. Беа реализирани 8 интервјуа со експерти и млади професионалци, 4 фокус групи, како и над 155 прашалници од кои веќе се направени инфографици со цел подобра презентација на резултатите.
Завршна конференција
11.02.2022 година (петок), 10:00 часот Хотел Хилтон Скопје, сала Платинум 1
|
10.00 – 10.15
|
Пристигнување и регистрација
|
|
10.15 – 10.45
|
Воведни обраќања
- Проф. Д-р Стево ПЕНДАРОВСКИ, претседател, Република Северна Македонија
- г-н. Исмет РАМАДАНИ, претседател, Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија
- Амб. Баиба БРАЖЕ, заменик генерален секретар на НАТО (видео обраќање)
Модератор: г-н. Илија ЏУГУМАНОВ, генерален секретар, Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија / Проект директор
|
|
10.45 – 11.30
|
Презентација на резултатите од истражувањето
Вовед во темата: г. Илија ЏУГУМАНОВ, генерален секретар, Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија / Проект директор
- г-н. Виктор ЈАКИМОВСКИ, Проект-ассистент / истражувач
- г-н. Андреј НИКОЛОВСКИ, Проект-ассистент / истражувач
Анализа на состојбите и коментар на резултатите
- г-ѓа Анѓелка ПЕЕВА ЛАУРЕНЧИЌ, извршен директор, IMAGE PR
- г-н. Бојан КОРДАЛОВ, комуникациски експерт
|
|
11.30 – 12.00
|
Отворена дискусија – Q&A
|
|
12.00 – 12.30
|
Краток коктел
|
|