|
Во периодот од 25 до 27 ноември 2021 година, нашиот генерален секретар и претседател на YATA, г-дин Илија Џугуманов беше дел од 25-годишнината на YATA.
Настанот беше организиран од страна на Младинската атлантска асоцијација (YATA) со поддршка на НАТО Секторот за јавна дипломатија и Светската АТА во хибриден формат - 2 дневна конференција во седиштето на НАТО во Брисел.

YATA и ATA во текот на сите овие години успеаја да ги промовираат НАТО и трансатлантските вредности на следната генерација. YATA со организирањето на оваа конференција им даде можност на сите заинтересирани, а особено на младите, да разговараат и да ги разберат вредностите и основните принципи на НАТО. НАТО, како Алијанса и воено-политичка организација, ќе продолжи да игра клучна улога како ефективен кризен менаџер и како рамка за безбедносна соработка низ евро-атлантската област, јавното мислење треба да помогне во преобликувањето на алијансата за да одговори на идните предизвици.
 Во текот на првиот ден од настанот, делегатите на YATA имаа можност да се информираат и разговараат со високи претставници на НАТО како што се заменик генералниот секретар на НАТО, г. Мирчеа Џоана, заменик помошник генералениот секретар на НАТО, г-ѓа Кармен Ромеро, г. Никола де Сантис и г-дин Габриеле Касконе, шефови на оддели во НАТО, г-ѓа Челзи Слак, заменик-шеф на Одделот за сајбер безбедност, г-дин Даниел Блек, виш аналитичар за сајбер закани и многу други.

Вториот ден, YATA имаше интерни состаноци меѓу нејзините национални поглавја со истакнати говорници како што се Генералниот секретар на Парламентарното собрание на НАТО и Раководителот за планирање на политики, претставник оф канцеларијата на генералниот секретар на НАТО и организираше вистинска платформа за нови програми и активности.

Мисијата на овој настан беше да се воспостави критичка маса за дискусија и да го премости јазот помеѓу оние активни поглавја и оние што се борат со постоечките проблеми. Мисијата на младите претставници на овој настан беше да комуницираат помеѓусебе за важноста на АТА, ЈАТА и НАТО, земајќи го предвид мислењето на младите и нивната визија за идната мисија на НАТО и иднината на YATA.
Со организацијата на оваа дводневна конференција YATA имаше за цел да ги поттикне учесниците активно да ги дадат своите идеи за тоа што треба да се направи за да се осигура дека нашата визија за „НАТО 2030“ и да стане реалност. За YATA, исто така, беше единствена можност да одвојат неколку дена за да го проценат и дебатираат статусот на нивното здружение и перспективите. Бројот на учесници беше 24 млади претставници, по еден од секое национално поглавје на YATA.

 |