|
Вторник, 22 Јануари 2019 17:51 |
|

По повод официјалната посета на министерот за одбрана на Република Словенија, г. Карл Ерјавец, во просториите на Собранието на Република Македонија се одржа панел дискусија на тема: "НАТО - повеќе од Сојуз за стабилност и безбедност " во организација на Комитетот за одбрана и безбедност, во соработка со Министерството за одбрана, Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија и Евро-Атлантскиот Совет на Македонија.

Дискусијата беше фокусирана на улогата на НАТО во нашата земја, придобивките од членството во НАТО, како и на словенечкото искуство, предизвиците и придобивките од пристапувањето во НАТО.
Главни панелисти на настанот беа: Г-дин Хари Локвенeц, Претседател на Комитетот за одбрана и безбедност и Шеф на Делегацијата на ПС на НАТО, Собрание на Република Македонија; Г-дин Карл Ерјавец, Министер за одбрана на Република Словенија; Г-ѓа Радмила Шекеринска, Министер за одбрана на Република Македонија; Г-дин Никола Димитров, Министер за Надворешни Работи на Република Македонија; и Г-дин Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија (воедно и модератор на настанот).
Членови на АТА и YATA Македонија беа присутни како учесници на настанот.

|