| Втора работилница - Струга |
|
|
|
| Петок, 20 Октомври 2017 08:36 |
|
По десетмесечното истражување со поддршка на Civica Mobilitas за истражувачкиот проект насловен: "Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евроатлантските интеграции", Евроатлантскиот совет на Македонија ја организираше втората од серијата работилници кои се планираат да се одржат во неколку градови во земјата со цел да се промовираат резултатите од истражувањето и да се стимулира дискусија за поврзаните теми. Настанот се одржа на 18.10.2017 година во просториите на Универзитетот ФОН во Струга. Проф. Д-р Нано Ружин, ректор на Универзитетот ФОН, во својот говор ја објасни улогата и целите на НАТО со цел студентите да се запознаат со важноста на интеграцијата. Тој, исто така, ја нагласи потребата од нивниот придонес во процесите на интеграција во НАТО. Капетан Ивајло Тоширов, претставник од Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, се осврна на потребата младите да бидат добро обучени, образовани и способни да споделуваат искуства и квалитети и да ѝ помогнат на земјата во процесот на интеграција, кој според неговите зборови беше замрзнат со повеќе чекори од минатото. Проф. Д-р Мерсел Биљали рече дека Македонија има интерес да ги задржи младите во нејзините граници и порача дека тие треба да се охрабрат да бараат можности во својата матична земја. Тој, исто така, рече дека идната интеграција во НАТО ќе има влијание во отворањето на повеќе можности за младите. По говорите следеше дискусија каде се отворија многу важни прашања поврзани со улогата на младите во евро-атлантските процеси. Проектот е поддржан од програмата Цивика мобилитас. |


























