| Денот на НАТО – 4 април |
|
|
|
| Петок, 04 Април 2014 16:52 |
|
Прес конференцијата по повод “Денот на НАТО – 4 април“ е традиционална и континуирана активност на Евро – Атлантскиот Совет на Македонија во соработка со Министерството за одбрана на Република Македонија и НАТО канцеларијата на која редовно се брифира јавноста за напредокот на Република Македонија во НАТО интегративните процеси и го одбележува денот на НАТО – 4 април. • Н.Е. Таљат Џафери, министер за одбрана на РМ Прв на настанот се обрати министерот за одбрана Н.Е. Таљат Џафери. Во својот говор: “Република Македонија ги споделува и ги промовираат истите вредности и интереси со земјите членки на Алијансата. На членството во НАТО се гледа како на суштински предуслов за спроведување на безбедноста и стабилноста што позитивно ќе влијае и врз деловната клима, економскиот раст и развој и благосостојбата на нашите граѓани. НАТО-алијансата од своето основање до денес се покажа и докажа како демократска алатка и вистински безбедносен промотор на споделените заеднички цивилизациски и демократски вредности на мирот, стабилноста, безбедноста и на благосостојбата на граѓаните, не само на земјите-членки туку и пошироко во евроатлантската област”. Г-дин Исмет Рамадани: “Како што се запознаени, Република Македонија ги исполни критериумите за полноправно членсто уште во 2008 година. Уште од самитот во Букурешт и заклучоците од тој самит знаеме дека на нам не ни е потребен самит за прием, полноправно членство Македонија може да добие секоја среда по решавањето на проблемот со Грција. Во пресрет на претстојниот самит, не може да кажеме дека нешто ќе се смени од Чикаго, но мора јавно да им дадеме поддршка на иницијативите на американските сенатори и атлантските движења во насока на приемот на Република Македонија во НАТО. Светот денес е многу поразличен од пред еден месец со ситуацијата во Украина, па тоа сигурно може да влијае овој самит да биде и самит за проширување. Во вториот дел од моето обраќање како посветен атлантист и претставник на организација која ги негува евро – атлантските вредности – демократија, слобода, безбедност, владеење на правото сакам да упатам порака до сите политички чинители во Република Македонија. Во пресрет на претседателските и парламентарните избори Евро – Атлантскиот Совет на Македонија повикува на слободни, фер и демократски избори. А до кандидатите за претседатели и политичките партии една порака, евро – атлантската интеграција да ја вратат како прв приоритет на Република Македонија.”
Настанот се одржa на 04.04.2014 (петок) во Дом на АРМ, Скопје со почеток во 10:30 часот. |





















