Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|ЈАТА Македонија на Балкан SAYS
ЈАТА Македонија на Балкан SAYS PDF Печати Е-пошта
Петок, 06 Декември 2013 12:41

Претставници од ЈАТА Македонија учествуваа на овогодинешниот Балкан SAYS – Младински семинар за безбедносна архитектура. Овој семинар се оддржа на факултетот за општествени науки во Љубљана, Република Словенија од 28 ноември до 1 декември 2013 година.

slo 1

Овој настан беше микс од панели и работилници кои им помогнаа на учесниците да се здобијат со информации за темите од безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и исто така им овозможи активно да учествуваат низ истражување и дискусии со интернационални експерти и колеги.


Говорници на овој семинар беа:

•    Др. Антон Беблер – Претседател на Евро – Атлантскиот Совет на Словенија
•    Др. Бојко Бучар – Декан, Факултет за општествени науки
•    Г-дин Јелко Калцин - Европски парламент, Делегација за односи со Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово
•    Др. Ерхан Турбедар – Совет за регионална соработка
•    Г-дин Примож Шавц – Генерал директор, директорат за одбранбено планирање, Министерство за одбрана на Република Словенија

Овој настан беше организиран за прв пат и беше организиран од Евро – Атлантскиот Совет на Словенија и младинската секција на Евро – Атлантскиот Совет на Словенија.

slo 2

Претставници од ЈАТА Македонија беа:
•    Илија Џугуманов
•    Симона Киш
•    Јордан Тасев

slo 3

slo 4

slo 5

slo 6

 

 

 

Публикации