|
Среда, 09 Октомври 2013 12:19 |
|
Членот на Претседателството на ЈАТА Македонија, г-дин Христијан Деспотовски беше дел овогодинешното Алианте 2013 натпреварување и учествуваше на организираното патување за победниците на Алианте 2013кое беше организирано од Турското Министерство за национална одбрана. Дваесет финалисти и десет координатори заедно ги истражуваа убавините на Турција преку патување кое започна од Анкара на 24 Септември и заврши во Истанбул на 03 Октомври.

За време на патувањето тие поминаа повеќе од 1600 километри посетувајќи 5 градови и 20 различни локации. Во административниот центар на Турција, Анкара, го посетија Аниткабир-от што всушност е Мавзолејот на нивниот голем лидер, татко и основач на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посети и Воената Академија во Анкара, како и TAI (Turkish Aerospace Industries) каде се одржа презентација на моделите со кои располага и кои се произведуваат во компанијата.
Патувањето продолжи во Ешкешехир каде по посетата на првата воздухопловна команда во вечерниот период беше организирано кратко крстарење по градската река во Ешкешехир. Следниот ден учесниците пристигнаа во Измир, третиот најголем град според бројот на население во Турција и беа гости во копнената команда на НАТО. Патувањето вклучување и посета на куќата на Богородица и античкиот град Ефес.

Местото Чанакале исто така има задолжително место во турската историја, место каде е водена една од најголемите и најзначајните борби со бродови за време на Првата Светска Војна. Секако, Истанбул, град со популација од речиси 20 милиони жители беше последната станица на патувањето. Тие три дена беа дури и премалку да се посети се она што има да го понуди овој град со целата своја грандиозност. Почнувајќи од поморската база Голчук и посетата на воениот колеџ, но и посетите на колтурните знаменитости како Палатите Долмабахче и Топкапи, Сината Џамија, Аја Софија и Базиликите. Карпали чаршија и пазарот за залини беа исто така на агендата. Патувањето низ Истанбул заврши со крстарење по Босфорот и слободно време на Плоштадот во Таксим.

Но не беа само посетите организирани на ниво, за време на патувањето учесниците исто така уживаа во прекрасната турска кујна и гостопримливоста на домаќините. Патувањето овозможи учесниците да се здобијат со незаборавно искуство и да ги зголемат своите знаења од областа како и да стекнат пријателства со студенти од разни земји со кои имаат слични или исти полиња на интерес.

|