Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Регионалeн тренинг, 5-6ти Јуни 2013
Регионалeн тренинг, 5-6ти Јуни 2013 PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 10 Јуни 2013 11:30

Регионалниот тренинг “Имплементација на меѓународно хуманитарно право при современите НАТО операции” беше одржан на 5-6 јуни 2013 во Домот на АРМ , Скопје. Тренингот беше организиран од министерството за одбрана на  Република Македонија и Воената академија “Михајло Апостолски”.

regional trainig1

На регионалниот тренинг имаше два работни денови. Отварањето започна со говори од  државниот секретар за одбрана г-дин Сашо Стефановски , раководителот на сектор за човекови ресурси г-ѓа Јулијана Стојановска и коориднаторот на проектот
проф. д-р Методи Хаџи Јанев.

Говорници на првиот ден беа :
-    Проф. д-р Методи Хаџи Јанев, Воена академија “Михајло Апостолски”
-    Г-дин Павле Богоевски,  Црвен Крст на Република Македонија
-    Потполковник Никола Клетников, Воена академија “Михајло Апостолски”
-    Проф. Д-р Славко Ангелески, Воена академија “Михајло Апостолски”
На првиот ден се зборуваше за адаптирањето на новите безбедносни предизвици и иднината на НАТО предводените операции , значењето на меѓународното хуманитарно право, улогата на ИКЦК во МХП, процесот на донесување на одлуки во НАТО операциите ,  современата технологија и МХП како и НАТО противтерористичките операции.

regional training2

Говорници на вториот ден беа:
-    Проф. д-р Орце Поповски, Воена академија “Михајло Апостолски”
-    Асс. Весна Попоска, МИТ универзитет, ЈАТА Македонија
-    Проф. Д-р Митко Богдановски , Воена академија “Михајло Апостолски”
-    Проф. Д-р Југослав Ачковски, Воена академија “Михајло Апостолски”
-    Г-ѓица Марија Јанкуловска,  Правен факултет “Јустинијан I” – Скопје, ЈАТА Македонија
На вториот ден се зборуваше за заштита на животната средина и поврзаноста со МХП , Сајбер заштита , сајбер заканите и нападите со беспилотни летала во согласоност со МХП.

Дводневната обука има за цел на учесниците да им ги долови современите предизвици кои се исправаат за време на НАТО водените операции со особен акцент на предизвиците од меѓународното хуманитарно право.

Претставник на ЈАТА Македонија на овој тренинг беше г-дин Христијан Петрушев.

regional training3

 

Публикации