Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Учесник од ЈАТА Македонија на RACVIAC семинар
Учесник од ЈАТА Македонија на RACVIAC семинар PDF Печати Е-пошта
Петок, 26 Април 2013 13:11

Членот на претседателството на ЈАТА Македонија, Марко Панковски учествуваше на меѓународен семинар посветен на приватните безбедносни (воени) компании и националниот безбедносен сектор организиран од RACVIAC центарот за безбедносна соработка од 23 до 25 април 2013 година во Загреб, Хрватска.

DSC 5479

Настанот беше организиран од RACVIAC центарот и ги разгледуваше растечките прашања поврзани со улогата на приватните безбедносни (воени) компании во безбедноста и процесот на креирање на нова легислатива (Монтро документот), која ќе покрие нивната активност во вооружените конфликти.

DSC 5453

Семинарот собра учесници од Југоисточна Европа: членови на парламенти, претставници на омбудсманот, министерства, стопански комори, приватни безбедносни компании, НВО, академици и експерти од ДКАФ Женева и различни национални институции и тинк – тенкови.

DSC 5473

Овој семинар им овозможи на учесниците релевантни генерални информации за историјата и растот на приватните безбедносни (воени) компании и нивното влијание на цивилно – воените односи, даде преглед на позитивните и негативните страни од употребата на приватните безбедносни (воени) компании и некои научени лекции од приватизацијата на безбедноста.

DSC 5474

Учесниците беа запознаени со можностите за ефективно регулирање на приватните безбедносни (воени) компании и меѓународните регулативи, како што е Монро документот и Меѓународниот кодекс за однесување за провајдерите на приватна безбедност. Овој семинар исто така беше можност за размена на информации на моменталните трендови поврзани со националните искуства од регионот за приватните безбедносни (воени) компании како од академско гледиште така и од гледиштето на приватните безбедносни (воени) компании.

DSC 5520

 

Публикации