Вести:
You are here: Почетна|Медиа Центар|Вести|Потполковник Хаџијанев на регионален семинар – Рума, Србија
Потполковник Хаџијанев на регионален семинар – Рума, Србија PDF Печати Е-пошта
Петок, 19 Април 2013 09:08

Вториот регионален семинар “Пишувај како што зборуваш и читај како што е пишано” беше организиран во Рума од 13 до 14 април 2013 година од страна на Атлантскиот Совет на Србија, под покровителство на Британската амбасада во Белград.

meto1

Овој семинар даде брифинзи за претставниците на медиумите од Србија и регионот за процесот на безбедносна интеграција и соработка.

Семинарот беше отворен од г-дин Борис Вицулин во име на Атлантскиот Совет на Србија, г-дин Џузепе Белардети, генералниот секретар на Светската Атлантска Асоцијација и британското воено аташе во Србија, полковник Вилијам Инглиш.

meto2

Потполковник Методи Хаџијанев, член на претседателството на ЕАСМ, моментално предавач на воената академија во Скопје, беше командант на првиот контингент на македонските специјални единици “Волци” во Ирак. Тој исто така зборуваше за учеството на македонските војници во мировните мисии во Авганистан како дел од ИСАФ, кој го засилија кредибилитетот и репутацијата на Република Македонија во зачувувањето на глобалната безбедност. Македонската армија (АРМ) распореди вкупно 490 војници во Ирак во 11 ротации. Во 2010 година, имаше 267 членови распоредени во мировни мисии што е најголемо годишно учество во меѓународно мисии. Потполковник Хаџијанев го одржа својот говор на панелот посветен на учеството во меѓународни воени мисии како придонес во глобалната безбедност.

meto4

За време на учеството на семинарот, потполковник Хаџијанев исто така зборуваше и на следниот панел посветен на регионалните безбедносни капацитети, тема покриена од полковник Катарина Штрбац (сектор за одбранбена политика, МО Србија), д-р Елизабета Ристановиќ (Воена Медицинска Академија), капетан на морнарица Нусрет Ханјалиќ (сектор за одбранбено планирање, МО Црна Гора) и потполковник Хаџијанев. Темите вклучија и дефиниција на тероризам, екстремизам, био тероризам, регионални закани, но и модели на соработка во регионот со цел на намалување на безбедносните ризици и закани. Беше истакнато дека сите земји во регионот се соочуваат повеќе или помалку со идентични безбедносни предизвици (тероризам, организиран криминал, коруплција, природни катастрофи итн), и дека соработката е исклучително корисна и важна.

meto3

 

Публикации